Љуба Јовановиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија

Љуба Тома Јовановиќ ( 1923 во Табановце, Кумановско1944 во Треска, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство. Извесно време слугувал кај поимотни соселани. Потоа работел како рудар во рудникот Лојане. Во рудникот се движел во кругот на напредните работници и се вклучил во борбата против окупаторот. Во април 1944 година станал борец во редовите на Третата македонска ударна бригада и учествувал во борбите против непријателот кај Лисец, Султан Тепе, Кратово, Пробиштип и други места. Последната борба ја водел покрај реката Треска во октомври 1944 година, кога загинал во борбата против балистите и Германците.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 201. На |first= му недостасува |last= (help)