Јужна Звезда (списание)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Јужна Звезда е неделен весник кој излегувал во Битола во периодот од 1920-1926 година, како орган на српската окупаторска власт и нејзините национал-шовинистички претензии во вардарскиот дел на Македонија. Весникот излегувал на српски јазик како „орган на искрените пријатели на културниот напредок и потполното обединување на нашиот народ“ (срп. „орган искрених пријатеља културног напретка и потпуног уједињења нашега народа“). Негов сопственик и одговорен уредник бил Спасоје Хаџи-Поповиќ. Весникот објавувал македонски народни песни и авторски прилози со општ информативен карактер. Го поддржувал режимот на Кралството СХС во напорите за денационализацијата и асимилацијата на Македонците.