Јосиф Карајовански

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јосиф Карајовански
Роден 1899 година
Дебел Даб, Влахи, Пиринска Македонија, денеc Бугарија
Националност Македонец

Јосиф Карајовански ( 1899роден во Дебел Даб, Пиринска Македонија, Бугарија — ? ) — македонски борец за човекови права, активист за обединета и независна Македонија. Жртва на комунистичкиот режим во Бугарија.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Бил предан јатак, помагал во криењето на илегалната чета на Герасим Тодоров, ја помагал материјално надвор од своите можности и се што било во негова сопственост (вклучувајќи го и својот дом), го ставил на располагање на четата. Осуден е на петнаесет години строг и темничен затвор. Во затворите и лагерите на островот Персин (логорот Белене), одлежал околу осум и пол години. Јосиф важел за стар македонски борец.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Георги Карајовански

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Монев, Крум. Зловещата - 1948 год. за Пиринска Македония. Горна Џумаја. стр. 73.