Јованка Денкова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јованка Денкова
Занимање универзитетски професор

Доц. д-р Јованка Денкова е декан на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип.

Своите дипломски студии ги завршува во 1998 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“Скопје на филолошкиот факултет „Блаже Конески”, катедра за македонска книжевност со македонски јазик. Своите магистерски студии ги продолжува на истиот факултет на катедрата за македонска книжевност. Магистрира со трудот под наслов „Чудесното и реалистичното во прозата на Глигор Поповски”.

Во 2008 година на филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје ги завршува докторските студии со дисертација на тема „Фантастиката и научната фантастика во македонската проза за деца и младина”.

Во досегашното работно искуство доц. д-р Денкова била професор по македонски јазик и литература во средното училиште ,,Димитар Мирасчиев” – Штип во периодот од 2000 до 2002 година, а во периодот од 2002 до 2007 година во средното училиште „Коле Нехтенин“ – Штип. Веднаш потоа е вработена како професор[1] на Филолошкиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, каде од 2009 година ја презема функцијата продекан за настава. Во 2012 година е избрана за ВД декан, а во 2013 г. и за декан[2] на Филолошкиот факултет.

На Филолошкиот факултет при УГД ги предава предметите Народна книжевност, Средновековна книжевност, Македонска книжевност од 15-18 век и Македонска книжевност од 19 век, понатаму Книжевност за деца, Историја на македонската култура и цивилизација како и предметот Европска цивилизација[3].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Официјално мрежно место на Филолошки факултет - „Наставници". Архивирано од изворникот на 2013-10-17. Посетено на 2013-05-28.
  2. „Официјално мрежно место на Филолошки факултет - „За факултетот". Архивирано од изворникот на 2013-06-15. Посетено на 2013-05-28.
  3. Мрежно место на доц. д-р Јованка Денкова - „Настава“

Надворешни врски[уреди | уреди извор]