Филолошки факултет - Штип

Од Википедија — слободната енциклопедија
Филолошки факултет - Штип
Виддржавен
Основан2008
Декандоц. д-р Јованка Денкова
МестоШтип, Република Македонија
ПрипадностУниверзитетот „Гоце Делчев“ - Штип
ff.ugd.edu.mk

Филолошкиот факултет како високообразовна установа во состав на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип е основан во 2008 година.

Историјат[уреди | уреди извор]

На почетокот во рамките на Филолошкиот факултет при УГД се изучуваа следниве студиски програми:

  1. Македонски јазик и книжевност;
  2. Англиски јазик и книжевност;
  3. Германски јазик и книжевност.

Во состав на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип влезе и Центарот за јазици, кој со неговиот наставно-стручен кадар ги покриваше сите осум факултети на Универзитетот, со почетни и продолжителни курсеви за странските јазици (англиски, германски, руски и француски). Филолошкиот факултет претставува една од основните клетки на интегрираниот Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип, која освен својата основна дејност за едукација на студентите запишани на овој Факултет, ја има улогата на поврзувачко ткиво со другите единици на Универзитетот. Ваквата улога произлегува од фактот што во основата на сите активности влегува јазикот како основно средство за комуникација, пред сè за задоволување на императивот за употребата на стандардниот македонски јазик, како и од неопходноста за познавање на странските јазици, без оглед за која струка се работи, што произлегува од денешниот начин на живеење и од потребата за влегување во европското семејство на народите.

Организација и структура[уреди | уреди извор]

Функцијата декан на Филолошкиот факултет ја врши доц. д-р Јованка Денкова[1]. Својата образовна и научна дејност, Филолошкиот факултет ја организира и ја изведува преку студиски програми засновани на Европскиот кредит-трансфер систем (ЕКТС), во согласност со Болоњската декларација. Филолошкиот факултет има особено важна мисија во оспособувањето на студентите за продлабочување на знаењата од областа на македонскиот јазик и литература, како и во изучувањето на странските јазици и на тој начин во создавањето љубов кон јазикот и литературата воопшто. Наставата се организира по студиски групи и тоа: Македонски јазик и книжевност, Англиски јазик и книжевност, Германски јазик и книжевност, Италијански јазик и книжевност, Француски јазик и книжевност, Турски јазик и книжевност и Историја со археологија.
Студиските програмисе организирани во:

Носител на студиите е Филолошкиот факултет, а реализатор на студиите се катедрите кои се составен дел на Филолошкиот факултет, а тоа се[2]:

  • Катедра: Македонски јазик и книжевност
  • Катедра: Англиски јазик и книжевност
  • Катедра: Германски јазик и книжевност
  • Катедра: Италијански јазик и книжевност
  • Катедра: Турски јазик и книжевност

Прв циклус на студии[уреди | уреди извор]

Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“, поставува цврсти темели како услов за понатамошно надградување и усовршување на својата дејност како високообразовна и научна институција во која постојано се негува сега и во иднина љубовта кон филолошките науки, а младите луѓе се оспособуваат за културен натпревар меѓу народите и особено за зачувување на македонскиот национален идентитет. Почнувајќи од значењето на зборот филологија, што означува љубов кон зборот, Филолошкиот факултет има особено важна мисија во оспособувањето на студентите за продлабочување на знаењата од областа на македонскиот јазик и литература, како и во изучувањето на странските јазици и на тој начин во создавањето љубов кон јазикот и литературата воопшто. Во првиот циклус на студии на Филолошкиот факултет се изучуваат следниве студиски програми[3]:

  • Германски јазик и книжевност
    • наставна насока
    • преведување и толкување
  • Англиски јазик и книжевност
    • наставна насока
    • преведување и толкување
  • Турски јазик и книжевност
    • наставна насока
    • преведување и толкување
  • Македонски јазик и книжевност
    • наставна насока
    • применета насока
  • Италијански јазик и книжевност
    • наставна насока
    • преведување и толкување
  • Француски јазик и книжевност
    • наставна насока
    • преведување и толкување

Втор циклус на студии[уреди | уреди извор]

Во вториот циклус на студии на Филолошкиот факултет се изучуваат следниве студиски програми[4]:

  • Англиска книжевност
  • Англиски јазик
  • Методика на наставата по англиски јазик и книжевност
  • Германски книжевност
  • Германска јазик
  • Методика на наставата по германски јазики книжевност
  • Македонска книжевност
  • Македонски јазик
  • Методика на наставата по македонски јазик и книжевност
  • Турска книжевност
  • Турски јазик

Научноистражувачка работа[уреди | уреди извор]

Филолошкиот факултет во Штип е еден од партнерите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на Меѓународниот проект Темпус за учење на македонскиот јазик, како странски, во кој партиципираат Факултетот за јазици при Универзитетот во Бердфоршир, В. Британија, Факултетот за јазици од Јагелонскиот универзитет во Краков, Филозофскиот факултет во Љубљана, како и Педагошкиот факултет при Универзитетот во Битола и приватниот Европски универзитет во Скопје. Од овој проект произлезе и можноста за реализација на изготвените курикулуми за учење и усвојување на македонскиот јазик за странци при новоформираниот Институт за јазици.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Официјално мрежно место на Филолошки факултет - Штип - „За факултетот". Архивирано од изворникот на 2013-06-15. Посетено на 2013-03-07.
  2. „Официјално мрежно место на Филолошки факултет - Штип - „Катедри и институти". Архивирано од изворникот на 2013-09-06. Посетено на 2013-03-07.
  3. „Официјално мрежно место на Филолошки факултет - Штип - „Прв циклус на студии". Архивирано од изворникот на 2013-06-13. Посетено на 2013-03-07.
  4. „Официјално мрежно место на Филолошки факултет - Штип - „Втор циклус на студии". Архивирано од изворникот на 2013-08-20. Посетено на 2013-03-07.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]