Јасенево (Московско метро)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јасенево

Ясенево
Општи информации
МестоЈасенево
Југозападен административен округ
Москва
 Русија
СопственикМосковски Метрополитен
ЛинииЛинија Калужско-Рижскаја (Московско метро) Калужско-Рижскаја
Перони1
Колосеци2
Поврзана соАвтобус: с14, 165, 261, 262, 264, 639, 642, 648, 769, 781, с977, т81, т85
Објект
Длабочина8 метри
Нивоа на пероните1
Паркингда
Пристап за инвалидине
АрхитектН. И. Шумаков, Г. С. Мун, Н. В. Шуригина, со учество на В. С. Волович
Други информации
Код на станицата108
Историја
Отворена17 јануари 1990

Јасенево (руски: Ясенево) — станица на московското метро во Јасенево, Москва, Русија. Се наоѓа на линијата Калужско-Рижскаја, помеѓу станиците Топли Стан и Новојасеневскаја.

Дизајнирана е од Н. Шумаков, Г. Мун и Н. Шуригина и била отворен на 17 јануари 1990 година. Јасенево има кружни, зеленикави мермерни столбови и ѕидови со жолтеникави метални плочки и розов мермер.

Влезовите на станицата се наоѓаат под раскрсницата помеѓу авенијата Новојасеневски, улицата Тарускаја и улицата Јасногорскаја.