Јапски јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јапски јазик
Застапен воМикронезија
ПодрачјеЈап
Говорници7,170 (1987)  
Јазично семејство
Јазични кодови
ISO 639-2yap
ISO 639-3yap

Јапскиот е малајско-полинезиски јазик кој се зборува во сојузната држава Јап во Микронезија. Според Етнолог, јапскиот јазик сочинува своја посебна гранка во океанските јазици, а некои јазичари тврдат дека јазикот е дел од адмиралитетските јазици.

Одлика[уреди | уреди извор]

Главна каректеристика на јазикот е глоталниот стопирачки глас. Зборовите кои започнуваат на самогласка обично на почетокот имаат глотален глас. Гласот се јавува и во средина и на крајот од зборовите.

Правопис[уреди | уреди извор]

Јапскиот се пишува со латиница. Сè до 1970-тите години глоталниот глас не се бележел со посебен знак. Ако глоталниот глас се појавел на крај од зборот, тогаш последната самогласка се удвојувала. Глотализацијата на согласки се бележела со апостроф. Но, во 1970-тите се донел нов правопси според кој двојните самогласки означуваат долги самогласки, а глоталскиот глас се забележува со q.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]