Океански јазици

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Не е исто со „јазици во Океанија“.
Океански јазици
Геог.
распростр.:
Океанија (Меланезија, Микронезија, Полинезија)
Класификација: австронезиски
Гранки:
Oceanic languages mk.svg

Океанските јазици сочинуваат подгрупа на малајско-полинезиските јазици од семејството на австронезиски јазици. Оваа група е составена од околу 450 јазици и ја опфаќаат територијата на Полинезија, како и големи делови на Меланезија и Микронезија.

Иако овие јазици заземаат огромна површина, нив ги зборуваат околу 2 милиони луѓе. Најголеми океански јазици се самоанскиот јазик со околу 370.000 зборувачи и фиџискиот со околу 500.000 зборувачи. Овие јазици, се проценува дека, настанале од протоокеанскиот јазик.

Класификација[уреди]

Класификација според Базата на основни австронезиски зборови[уреди]

Базата на основни австронезиски јазици целосно го подржува единството на оваа група.[1] Сепак, некои традиционални групирања не биле подржани, односно мезомеланезиските јазици не се групирале со западноокеанските јазици, туку се тежнеело на групирање со централно-источните океански јазици.

океански 
(100%)
 (67%) 

адмиралитетски јазици


 (83%) 

темотуански јазици



јужноокеански јазици


мезомеланезиски
(82%)

југоисточни соломонски јазици



балиско-витуански јазици



мезомеланезиски јазици
(84% доверба при класифицирање)



(70%)

микронезиски јазици



централнопацифички јазици






западноокеански јазици (делумни)



Класификација според Етнолог[уреди]

Постојат поголем број суштински разлики меѓу класификацијата на Базата и таа на Етнолог. Класификацијата според Етнолог има 6 основни групи. Океанските јазици според Етнолог сочинуваат 509 јазици и тие се[2]:






Класификација според Линч, Рос и Кроули[уреди]

Според класификацијата на Линч, Рос и Кроули (2002), океанските јазици создаваат т.н. „врски“. Јазичните врски се разликуваат од семејствата по тоа што не може да им се реконструира прајазикот. Според овие јазичари, океанските јазици се сочинети од:

адмиралитетски јазици
западноокеанска врска
централно-источна океанска врска

„Остатоците“, како што ги нарекуваат овие тројца јазичари, се јазици кои не влегуваат во ниту една од овие групи:

светиматијаски јазици
јапски јазик

Наводи[уреди]

Користена литература[уреди]

Поврзано[уреди]

Портал „Јазик

Надворешни врски[уреди]