Ѕвер од Екмур

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ѕвер од Екмур (англиски: Beast of Exmoor) е назив за наводна вонземјанска мачка која ги убивала овците на полињата во националниот парк Екмур во Обединетото Кралство.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Постојат многу извештаи и сведоци кои зборуваат дека Ѕверот од Екмур навистина постои, но некои луѓе мислат дека оваа е само легенда и дека никогаш не се случила. Прво пријавено видување се случило во 1970 година. Во градот Јужен Молтон во 1983 година еден селанец пријавил дека во три месеци изгубил преку 100 оваци. Рекол дека ги убило некое животно кое личело на голема мачка. Опишал дака има крзно во сива или црна боја. Тоа одговарало на описот на пума и леопард[2]. Во тој период многу луѓе држeле пуми и леопарди во притвор надвор од зоолошките градини. Можно е дека некоја од нив побегнала од притвор и дека почнала да убива овци на фармите. 2006 година сеалнецот што пронашол мртви овци, пронашол черепи на пума во близина на својата фарма, но научниците не веруваат дека големите мачки живеат во дивина на Англија.[3]

Пребарување[уреди | уреди извор]

Многу оваци биле убиени, па затоа наскоро била организирано барање на ѕверот. Многу луѓе ги пребарувало шумите. Некои се сетиле да пробаат да го отрујат животното така што околу главата на овцате ставале ќесичка со отров. Ѕверот ја јадел целата овца па дури и волната, но додека ја ловеле не биле пријавени случаи дека некој пронашол мртва овца. Во шумите биле поставувани фотоапарати кои сликале се што се помрднува, но никаква голема мачка не била сликана. Кога било завршено пребарувањето ѕверот повеќе не се појавувал и никој повеќе никогаш не пријавил дека видел голема мачка на својата фарма. Некои луѓе мислат дека оваа животно било паметно како човек и затоа отишло при пребарувањето, затоа што мислело дека ќе го фатат. Никогаш не е докажано што е Ѕвер од Екмур.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „www.ukbigcats.co.uk - The Definitive Guide To UK Big Cats“. Архивирано од изворникот на 2009-08-02. Посетено на 2018-09-08.
  2. The Exmoor Cat
  3. Exmoor, Beast of - Beast of Exmoor - Occultopedia, the Occult and Unexplained Encyclopedia

Надворешни врски[уреди | уреди извор]