Ѓорги Димовски-Цолев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ѓорги Димовски-Цолев
Роден 1929
Горно Српци
Починал 11 јануари 2015
Битола
Националност Македонец
Занимање историчар, педагог

Ѓорги Димовски-Цолев (Горно Српци, 1929Битола, 11 јануари 2015)[1] – македонски историчар и педагог.[2][3]

Животопис[уреди | уреди извор]

Роден е во 1929 година во село Горно Српци, Битолско. Основно и средно образование завршил во Битола, а потоа завршил Филозофски факултет, група историја, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Целиот свој работен век го поминал како професор по историја во гимназијата „Јосип Броз-Тито“ и на Педагошката академија образувајќи и воспитувајќи бројни генерации средношколци и студенти. Како професор практичар работел на пишување учебници за VII одделение и II клас како соавтор. Паралелно со образовно-воспитната дејност го истражувал, проучувал и публикувал минатото на Битола и Битолско. Со свои трудови учествувал на повеќе научни собири и истите ги публикувал. Покрај научните трудови публикува хроники, монографии и библиографии. Трудовите се објавени во стручни и научни списанија, зборници од симпозиуми.[2]

Награди[уреди | уреди извор]

Како автор на повеќе од 100 труда, за својата долгогодишна работа ги добил наградите[3]:

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • „Документи за работата на ПО и НОО - Битола“ (1964);[2]
  • „Битолските училишта до 1918 г. со посебен осврт на Гимназијата до 1945 година“ (1965);[2]
  • „Писма - документи на француските католички мисионери во Битола 1908-1939“ (1967);[2]
  • „Ѓорги Сугарев - живот и дело“ (1968);[2]
  • „Обвинителни акти од време на окупацијата“ (1975)[2]
  • „Илинден и илинденските традиции“ (съавтор, 1975);[2]
  • „Стеван Наумов-Стив“ (1977);[2]
  • „Библиографија на статии и книги за НОВ и НР во Битола и Битолско - 1944-1974“ (1978);[2]
  • „Непокорени“ (соавтор, 1982);[2]
  • „Документи за оштетувањето и грабежите на цркви и манастири во Македонија во време на Првата светска војна“ (соавтор, 1985);[2]
  • „Спомен обележја во Битола и Битолско“ (1987);[2]
  • „Трајан Белев-Гоце“ (1987);[2]
  • Димовски - Цолев, Ѓорги (1988). Ѓорги Сугарев - живот и дело. Битола: Мисирков. ISBN 25415871555 Проверете ја вредноста |isbn=: length (help).;[2]
  • „Библиографија на издавачката дејност на ДНУ - Битола - 1960-1990“ (1990);[2]
  • „Битолските Евреи“;[2]
  • „Стремежите и борбата на битолското граѓанство за еманципација од патријаршиската доминација во црковно-училишниот домен“;[2]
  • „Свештенството во Илинден 1903 во Битолскиот револуционерен округ“.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Почина Ѓорги Димовски-Цолев на Daily Macedonia
  2. 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 2,11 2,12 2,13 2,14 2,15 2,16 2,17 2,18 Значајни личности за Битола. Битола: НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола. 20011. стр. 70–72. ISBN 978-608-4538-31-8. Занемарен непознатиот параметар |coauthors= (се препорачува |author=) (help); Проверете ги датумските вредности во: |year= (help); |access-date= бара |url= (help)
  3. 3,0 3,1 „проф. Ѓорги Димовски-Цолев“. Македонско научно друштво. 4.3.2012. Посетено на 26 ноември 2021. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)