S druge strane Mjeseca (песна)

Од Википедија — слободната енциклопедија
„S druge strane Mjeseca“
сингл од Магазин
од албумот S druge strane Mjeseca
Пуштена2002
Снимена2002
Жанр
Должина4:14
МаркаКроација Рекордс
Песнописец
Продуцент(и)
Магазин ― синглова хронологија
"Bol"
(2001)
"S druge strane Mjeseca"
(2002)
"Dani su bez broja"
(2002)
Музичко видео
„S druge strane Mjeseca“ (Официјално видео) на YouTube

S druge strane Mjeseca“ (македонски: Од другата страна на месечината) е песна од хрватскиот поп бенд Магазин, од нивниот петнаесетти целокупен и четврт студиски албум со Јелена Розга како главен вокал, насловен S druge strane mjeseca (Од другата страна на месечината). Како најголемиот број песни, напишана е од страна на хрватскиот музичар и продуцент Тончи Хуљиќ и неговата сопруга, хрватската поетеса и текстописец Вјекослава Хуљиќ.

Песната била издадена како сингл од албумот во 2002 година. Важи за една од најпознатите песни на бендот, а и во соло кариерата на главната пејачка Розга. Песната била промовирана со музичко видео во кое се појавува Розга како ја изведува песната во природа. Промоцијата се одвива и преку бројни настапи во живо, како на бендот така и на пејачката при своите подоцнежни солистички концерти. Настапот на песната во комбинација со „Oprosti mala “ и „Opijum“ на радио станицата на народни радио има повеќе од 23 милиони прегледи од 2024. Розга исто така снимила преработена акустична верзија од песната за нејзиниот албум Minut Srca Mog.