Rodit' ću ti 'ćer i sina

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Rodit' ću ti 'ćer i sina“
сингл од Јелена Розга
од албумот Bižuterija
Пуштена20 јуни 2009
Снимена2008
Жанр
Должина3:44
МаркаКроација Рекордс
Песнописец
Продуцент(и)
Јелена Розга ― синглова хронологија
"Ožiljak"
(2008)
"Rodit' ću ti 'ćer i sina"
(2009)
"Ima nade"
(2010)
Музичко видео
Грешка: Немате укажано назнака на страницата на YouTube

Rodit' ću ti 'ćer i sina“ (македонски: Ќе ти родам ќерка и син) е песна од хрватската поп пејачка Јелена Розга од нејзиниот втор соло студиски албум Bižuterija (2011). Песната е издадена како петтиот сингл од албумот на 20 јуни 2009 година. Напишана е од парот Хуљиќ, односно музичарот и продуцент Тончи Хуљиќ и неговата сопруга, поетесата и текстописец Вјекослава Хуљиќ. Аранжманот е завршен од Реми Казиноти. Со цел да ја промовира песната, Розга ја извела во живо за време на фестивали, а песната има освоено и награда.

Според текстот, во песната се работи за главниот женски протагонист кој сака да ја однесе врската со нејзиниот машки партнер на следното ниво и кому му ветува дека ќе му роди „ќерка и син“. Поради популарноста, песната е дел од концертите и настапите во живо на пејачката на нејзините регионални пост-југословенски турнеи.