RT

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
RT
Отпочната 10 Декември 2005
Челни лица ANO TV-Novosti
Држава Русија
Јазик Арабски, Англиски, Руски, Шпански
Област на емитување Световно
Делокруг Москва, Русија
Претходно име Russia Today
Сестрински канал(и) Rusiya Al-Yaum, Vesti
Веб-страна RT.com

RT, претходно позната како Russia Today, e глобална повеќејазична телевизиона мрежа за вести со седиште во Русија. RT беше првата целосно дигитализирана руска телевизиска мрежа. Услугите и се наменети за странскиот пазар, слично на DW-TV, France 24 и NHK World, и се емитува преку сателити и кабелски оператори низ светот.

Новинарската мрежа, којашто чинеше околу 30 милиони долари во 2005 за да се создаде и 60 милиони долари за првата година на работа, почна да емитува на 10 декември 2005 година со речиси 100 англиски говорешти новинари известувајќи од целиот свет. RT емитува од седиштето во Москва и студиото во Вашингтон. Исто така има бироа во Мајами, Лос Ангелес, Лондон, Парис, Делхи и Тел Авив. RT е достапна во преку 100 земји на пет континенти преку кабелска, сателит и бесплатен онлајн стреаминг услуга од сајтот на RT. Во дополнување на програмата на англиски, RT исто така ѓи работи RT Arabic, RT America, и Actualidad RT во Шпанија.