RSS

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
RSS
Икона за канал

Иконата за канал
Наставка .rss, .xml
MIME-тип програмски прилог/rss+xml (регистрацијата не е довршена)[1]
Тип на формат мрежна синдикација
Проширен од XML

RSS (кратенка од англ. Really Simple Syndication = „навистина проста синдикација“) e канал на мрежно емитување. форматите кои се користат за објавување на најнови информации – како што се блог-објави, наслови на вести, аудио и видео во стандардизиран формат.[1] Еден RSS документ (кој се нарекува „канал“ (англ. feed) вклучува цел или краток преглед на текст, плус метаподатоци како што се датуми на објавување и автори, категории и сл. Каналите на издавачите им дозволуваат автоматски да ја организираат содржината. На читателите им овзможуваатпретплата на новости од нивните омилени веб страни и агрегирација на feed-ови од повеќе страни на едно место. RSS feed-овите можат да бидат прочитани со помош на програмска опрема наречена „RSS-читач”, или „агрегатор“, којшто може да е вдомен на интернет, рабнотната површина, мобилен уред или било каква сметачка направа поврзана со интернет. Стандардизиран XML file формат дозволу информацијата да биде објавена еднаш и видлива со многу ралични програми. Корисникот се претплатува на одреден канал со внесување на URL-адресата на самиот канал, (иако технички, овие два поима и не се баш синонимни) во читачот или кликање на RSS иконата во пребарувачот којшто го иницирана процесот на претплаќање. RSS читачот редовно ги проверува претплатените feed-ови на корисникот во случај на новости, ги доњнлоад-ира истите доколку ги најде истите и обезбедува еден корисничи посредник за контролирање и читање на каналите.

RSS форматите се утврдуваат користејќи XML, општонаменско задавање (спецификација) за создавање на формати за податоци. Иако RSS форматите еволуираа од март 1999 [2] RSS-иконата ("") прв пат ја доби својата широка употреба меѓу 2005 и 2006 година. [3]

Во мрежните (интернет) читачи на RSS-канали спаѓаат Google Reader [4], Bloglines [5] и други.

Пример[уреди]

Бидејќи RSS-податотеките во суштина се прост текст во XML формат, самата RSS-податотека е релативно лесно читлива како за автоматизираните постапки, така и за луѓето. Еве еден пример за податотека со нејзините елементи. Ова може да се постави во секој соодветен протокол на комуникација за пристап на податотеки, како HTTP или FTP, а програмот ги чита информациите и на крајниот корисник му ги претставува во уреден приказ.

<?xml version="1.0" encoding="UTF-8" ?>
<rss version="2.0">
<channel>
	<title>Наслов на RSS</title>
	<description>Ова е пример за RSS-канал</description>
	<link>http://www.someexamplerssdomain.com/main.html</link>
	<lastBuildDate>понеделник, 6 септември 2010 00:01:00 +0000 </lastBuildDate>
	<pubDate>понеделник, 6 септември 2009 16:45:00 +0000 </pubDate>
 
	<item>
		<title>Пример за запис</title>
		<description>Еве текст што содржи интересен опис.</description>
		<link>http://www.mk.wikipedia.org/</link>
		<guid>единствена низа по ставка</guid>
		<pubDate>понеделник, 6 септември 2009 16:45:00 +0000 </pubDate>
	</item>
 
</channel>
</rss>

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „The application/rss+xml Media Type“. Network Working Group. 22 мај 2006. http://tools.ietf.org/id/draft-nottingham-rss-media-type-00.txt. конс. 16 август 2007.