Paaa..?

Од Википедија — слободната енциклопедија

Paaa..? е шеснаесеттиот студиски албум на хрватската група Магазин . Албумот е издаден во 2004 година од страна на издавачките куќи Кроација рекордс и Тоника. Ова е петти и последен албум на групата Магазин со Јелена Розга како главен вокал. По овој албум Јелена започнува самостојна кариера, а на нејзиното место доаѓа пејачката Ивана Ковач.

Paaa..? се одликува со предоминантно поп звук и најголемиот дел од песните се однесуваат на љубовните искуства на главната женска протагонистка. Како и со претходните четири албуми на групата, најголемиот број песни биле напишани од дуото Хуљиќ кое се состои од поетесата и текстописец Вјекослава Хуљиќ и нејзиниот сопруг, продуцентот и музичар Тончи Хуљиќ.

Албумот бил комерцијално успешен во Хрватска и во екс-југословенскиот регион. Албумот произвел неколку песни кои достигнале значителна популарност и се слушаат до денешен ден. Издадени се пет сингла, меѓу кои „Kad bi bio blizu“, „Da li znaš da te ne volim“, „Ne tiče me se“, „Slatko, ljuto, kiselo“ и „Lepoglava“.