Microsoft PowerPoint

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Microsoft PowerPoint
Програмери Microsoft
Стабилно издание 2010 (14.0.4760.1000) / јуни 15, 2010; пред 3 години (2010-06-15)
Опер. систем Microsoft Windows
Вид Програма за презентација
Лиценца неслободен софтвер
Мреж. место office.microsoft.com/en-us/powerpoint
Microsoft PowerPoint for Mac
Програмери Microsoft
Стабилно издание 2011 (14.0.100825) / октомври 26, 2010; пред 3 години (2010-10-26)
Опер. систем Mac OS X
Вид Програма за презентација
Лиценца неслободен софтвер
Мреж. место microsoft.com/mac/powerpoint

Microsoft PowerPoint, обично се нарекува само PowerPoint, е комерцијална програма за презентација развиена од страна Microsoft. Тоа е дел од Microsoft Office пакетот и работи на Microsoft Windows и Mac OS X на Apple оперативниот систем. Тековните верзии се Microsoft PowerPoint 2010 за Windows и 2011 за Mac.

Историја[уреди]

Оригиналната верзија на оваа програма беше креирана од страна на Dennis Austin и Thomas Rudkin. Најпрво дизајниран за Macintosh компјутер, првичната верзија била наречена “Presenter”. Во 1987, бил преименуван во “PowerPoint” поради проблеми со трговските марки, идеата за името доаѓа од Robert Gaskins. Во август истата година, Forethought бил купен од страна на Microsoft за 14 милиони американски долари и стана графичка бизнис единица на Microsoft која продолжи да се развива.

PowerPoint бил значително изменет со PowerPoint 97. Пред Power Point 97, презентациите биле линеарни, секогаш преминот бил од еден слајд на следниот.

PowerPoint 2000 (и остатокот од Office 2000 пакетот) воведуваат табла со исечоци која можи да одржи повеќе објекти истовремено. Друга забележлива промена беше дека Office Assistant, чиишто чести несакани појави во PowerPoint 97 ги вознемируваше многу корисници, беше променет за да биди помалку нападен.

Операција[уреди]

PowerPoint презентациите се состојат од поголем број на индивидуални страници односно „слајдови“. Слајдовите можат да содржат текст, графика, звук, видео и други објекти, кои можат да бидат подредени слободно. PowerPoint, сепак го олеснува користењето со користење на шаблони односно Slide Master. Презентациите можат да се печатат, да се прикажуваат во живо на компјутер, или да бидат отворени преку команда на презентер. За презентирање пред побројна публика презентациите се презентираат со користење на видео проектор. Слајдовите, исто така, може да формираат основа на емисии. PowerPoint обезбедува три типа на движења:

  1. Најавата, акцентот и излезот на елементите на слајдот се контролирани од Costom Animations.
  2. Транзиции, претставуваат движења помеѓу слајдовите. Тие можат да бидат анимирани во повеќе различни начини.
  3. Costom Animations може да се користи за да се создаде мала табела со анимирање на слики да влегуваат, излегуваат или се движат.

Културно влијание[уреди]

Поддржувачите велат дека лесонтијата на користењето на софтверот за презентација може да заштеди многу време на луѓето кои инаку би користеле други видови ан визуелна помош – рачно цртани или механички типови на слајдови, табли или надземни проекции. Леснотијата во користењето исто така ги охрабрува оние кои инаку не би користеле визуелни помагала.

Користа на PowerPoint постојано се дебатира. Неговата употреба во училишните предавања влијаела во истражувањето на ефектите на PowerPoint врз достигнувањата на учениците во споредба со предавањата врз основа на графоскопи, традиционални предавања и онлајн предавања.

Не само што е корисна алатка за воведни предавања, туку исто така има и многу функции кои овозможуваат преглед на игри, особено во помладите категории. Нема релевантни резултати за да се докаже или негира дека PowerPoint е поефективен во памтењето на ученикот отколку традиционалните методи на презентација. Ефектот врз публиката на сиромашните презентации во PowerPoint е опишан како PowerPoint пекол.

Иако PowerPoint ги има гореспоменатите бенефиции, некои тврдат дека PowerPoint има негативно влијание врз општеството. Многу големи компании и ограноци на владата го користат PowerPoint како начин да ги информираат вработените за важни прашања за кои мора да донесат одлуки. Противниците на PowerPoint тврдат дека намалувањето на сложените прашања до најмали точки е на штета на процесот на донесување одлуки, со други зборови, бидејќи количината на информации во презентацијата мора да биде кондензирана, гледањето на PowerPoint презентација не дава една доволно детална информација за да се донесе вистински информирана одлука.

Често цитиран пример е анализата на Edward Tuftle на PowerPoint слајдови подготвени за информирање на функционерите на НАСА во врска со можно оштетување на вселенскиот брод Колумбија за време на финалното лансирање. Tuftle тврди дека слајдовите подготвени од Боинг корпорацијата имале ефект врз упростувањето на ситуацијата, и предизвикале лажно уверување дека финалното оштетување на вселенскиот брод било само минимално. Tuftle тврди:

  • Најкритична информација беше испорачана на најниско ниво на значење во линиски стил.
  • Најниската резолуција на слајдовите ја охрабри употребата на акрономни_заменки наместо реалните, конкретни описни услови и јазик.
  • Ограничениот стил на фонтови во PowerPoint ја скри соодветната нотација на клучните научни мерења.

PowerPoint Viewer[уреди]

Microsoft Office PowerPoint Viewer е програма која се користи да се пуштаат презентации на компјутери на кои нема инсталирано Microsoft PowerPoint. Microsoft Office PowerPoint Viewer се додава на истиот диск или место во мрежата која содржи еден или повеќе презентации спакувани со помош на Package for CD функцијата.

Microsoft Office PowerPoint Viewer е инсталиран стандардно со Microsoft Office 2003 инсталацијата. Исто така е достапен за преземање од од веб страната на Microsoft Office.

Microsoft Office PowerPoint Viewer поддржува отварање на презентации креирани со користење на PowerPoint 97 или некоја подоцнежна верзија.

Верзии[уреди]

Верзиите за Microsoft Windows се:

  • 1990 PowerPoint 2.0 за Windows 3.0
  • 1992 PowerPoint 3.0 за Windows 3.1
  • 1993 PowerPoint 4.0 (Office 4.x)
  • 1995 PowerPoint for Windows 95 (version 7.0)
  • 1997 PowerPoint 97 (version 8.0)
  • 1999 PowerPoint 2000 (version 9.0)
  • 2001 PowerPoint 2002 (version 10)
  • 2003 Office PowerPoint 2003 (version 11)
  • 2007 Office PowerPoint 2007 (version 12)
  • 2010 PowerPoint 2010 (version 14)

Верзиите за Mac OS се:

  • 1987 PowerPoint 1.0 за Mac OS classic
  • 1988 PowerPoint 2.0 за Mac OS classic
  • 1992 PowerPoint 3.0 за Mac OS classic
  • 1994 PowerPoint 4.0 за Mac OS classic
  • 1998 PowerPoint 98 (8.0) за Mac OS classic (Office 1998 for Mac)
  • 2000 PowerPoint 2001 (9.0) за Mac OS classic (Office 2001 for Mac)
  • 2002 PowerPoint v. X (10.0) за Mac OS X (Office:Mac v. X)
  • 2004 PowerPoint 2004 (11.0) за Mac OS X Office:Mac 2004
  • 2008 PowerPoint 2008 (12.0) за Mac OS X Microsoft Office 2008 за Mac
  • 2010 PowerPoint 2011 (14.0) за Mac OS X Microsoft Office 2011 за Mac

Надворешни Врски[уреди]

Wikibooks
Англиските Викикниги нудат повеќе материјал на тема: