Lockheed AC-130

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
AC-130 H Spectre

Lockheed AC-130 е тешко наоружан борбен авион кој напаѓа на земјата. Поголемиот дел на AC-130 е направен од компанијата Lockheеd, а исто така друга компанија која зема учесво на изградбата на овој авион е Боинг. AC-130 е варијанта на C-130 Херкулес транспортниот авион. AC-130 е исто така понова верзија на AC-47 Gunship I користен во Виетнам.

Единствен корисник и оператор на AC-130 е United States Air Force (Воздухопловството на САД) кој ги корсити варијантите AC-130H Spectre и AC-130U Spooky. AC-130 има четири пропелерни мотори. Тој има голем број на оружја прикачени на него, од 20 mm Gatling gun до 105 mm топ. најчесто има дванаесет или тринесет членови на екипажот, т.е. пет офицери (два пилоти, навигатор, воен офицер и офицер за контрола на оган) и повеќе други членови, како што се операторите на оружјата и др.

Воздухопловството на САД ги користи AC-130 авионите при воени операции за поддршка од воздух на војниците. Оваа поддршка од воздух ја сочинуваат заштита на пешадијата, заштита нз конвои и за истражување на урбани места. AC-130 исто така се користи за уништување на планирани цели и прилични цели и за заштита на воени бази. AC-130 го користат специјални единици на Воздухопловството на САД и се стационитани во Хурлберт Фиелд во Флорида, САД.

Дизајн[уреди]

AC-130 е современ авион, со целосна електронска опрема како што се прецизноста на топовите кои се на него. Тоа предизвикува да AC-130 е многу ефективен во борба. AC-130 може да лета долго време околу својата цел, низ било какви временски услови бидејки има сензори кои му помагаат на екипажот да ја гледа земјата чисто и јасно. Има и други сензори, како што се телевизискиот сензор, инфрцрвениот сензори еден радар. Овие сензори му помагаат на екипажот да ги распознаваат пријателските од непријателските единици долу на земјата.

Карактеристики[уреди]

Генерални карактеристики:

  • Екипаж: 13
  • Должина: 29,8 m
  • Должина на крилата: 40,4 m
  • Висина: 11,7 m
  • плоштина на крилата: 162.2 m²
  • тежина (натоварен): 55,520 kg
  • макс. тежина за полетување: 69,750 kg
  • мотори: 4× Allison T56-A-15 пропелери, 4,910 shp (3,700 kW) секој

Перформанси:

  • макс. брзина: 480 km/h
  • макс. растојание на летање: 4,070 km
  • макс. висина: 9,100 m

Оружја

AC-130A Project Gunship II

  • 4× 7.62 mm GAU-2/A митралез
  • 4× 20 mm M61 Vulcan топ

AC-130A Surprise Package, Pave Pronto, AC-130E Pave Spectre

  • 4× 7.62 mm GAU-2/A митралез
  • 2× 20 mm M61 Vulcan топ
  • 2× 40 mm (1.58 in) L/60 Bofors топ

AC-130E Pave Aegis

  • 2× 20 mm M61 Vulcan топ
  • 1× 40 mm L60 Bofors топ
  • 1× 105 mm (4.13 in) M102

AC-130H Pave Spectre II

  • 1× 40 mm L60 Bofors топ
  • 1× 105 mm (4.13 in) M102

AC-130U "Spooky" gunship

  • 1× 25 mm (0.984 in) 5-Barrel GAU-12/U митралез
  • 1× 40 mm L60 Bofors топ
  • 1× 105 mm (4.13 in) M102

Галерија[уреди]

Надворешни врски[уреди]