Liceida

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Lyceida
Плодни тела (еталии) на Lycogala epidendrum
Научна класификација
Царство: Amoebozoa
Колено: Mycetozoa
Класа: Myxogastria
Ред: Liceida

Liceida е еден од петте редови на лигави габи од класата миксомицети. Вклучува околу 90 видови, од кои некои се распространети насекаде во светот.

Одлики и екологија[уреди]

Лицеидите образуваат едноставни плодни тела. Отсуствува вистински капилициум, а нема ни колумела ни траги од калцификација. Само кај родовите Kelleromyxa и Listerella се забележуваат нишки од капилициум. Некои видови (на пример, Enteridium spp.) поседуваат псевдокапилициум. Повеќето видови се светло обоени со темно-маслинкаст споров прашок.[1]

Систематика[уреди]

Редот Liceida бил најпрво опишан во 1928 од страна на Едвард Јан и се состои од десет родови и три фамилии [1]. Молекуларно-генетските истражувања укажуваат на тоа дека сестрински таксон на овој ред е редот Trichiida. Монофилијата на редот не е сè уште разјаснета. [2]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 Michael J. Dykstra, Harold W. Keller: Mycetozoa In: ISBN: 1891276239
  2. Anne-Marie Fiore-Donno, Cedric Berney, Jan Pawlowski, Sandra L. Baldauf:Higher-order phylogeny of plasmodial slime molds (myxogastria) based on elongation factor 1-A and small subunit rRNA gene sequences In: The Journal of eukaryotic microbiology 52(3): 201-210, 2005