IETF

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Internet Engineering
Task Force
Кратенка IETF
Основана Јануари 16, 1986
Тип Организација за стандардизација
Цел Созадавање на стандарди кои се однесуваат на интернет за да се подобри употребливоста на интернетот.
Регион Worldwide
IETF Претседател Russ Housley
Матична организација Internet Society
Мреж. место www.ietf.org

Internet Engineering Task Force (IETF) развива и промовира Интернет стандарди, блиску соработувајќи со W3C и ISO/IEC организациите за стандардизација посебно со стандардите на TCP/IP и Internet protocol suite. Таа е отворена организација за стандардизација, без формално членство или услови за членство. Сите учесници и менаџери се волонтери, иако нивната работа обично е финансирана од нивните работодавци или спонзори; како на пример, моменталниот претседавач е финансиран од VeriSign и Националната Агенција за Безбедност[1] на американската влада.

Организација[уреди]

IETF е организиран во големи работни групи и неформални групи за дискусија, секоја занимавајќи се со одредена тема. Секоја група има за цел да ја заврши работата на таа тема и потоа да се распушти. Секоја работна група има назначено претседавач (или некогаш неколку претседавачи), заедно со план кој го опишува својот фокус и што и кога се очекува да реализира.

Работните групи се организирани во област по предмет. Тековните области ги вклучуваат: Апликации, Општо, Интернет, Операции и Менаџмент, Апликации во Реално време и инфраструктура, Рутирање, Безбедност и Транспорт. Секоја област е под надзор на раководител по област, во повеќето има и два раководители. Раководителите се одговорни за назначување на претседавачи на работната група. Раководителите по област заедно со претседателот на IETF ја формираат Internet Engineering Steering Group (IESG), која е одговорна за целокупното работење на IETF.

IETF е формално дел од Internet Society. IETF е под надзор на Internet Architecture Board (IAB), кој ги надгледува надворешните врски и односот со RFC Editor. IAB се исто така заедно одговорни за IETF Administrative Oversight Committee (IAOC), кој го надгледува IETF Administrative Support Activity (IASA), која обезбедува логистичка и друга подршка на IETF. IAB исто така управува со Internet Research Task Force (IRTF), со која IETF има бројни вкрстени групни релации.

Историја[уреди]

Првиот IETF состанок беше на 16 Јануари, 1986, составен од 21 истражувачи финансирани од американската влада. Тоа беше продолжување на работата од претходната GADS Task Force.

Првично таа се оджувала квартално, но од 1991 состанокот се одржувал 3 пати годишно. Претставници од невладини лица беа поканети почнувајќи од четвртиот IETF состанок во текот на Октомври истата година. Од тоа време сите IETF средби се отворени за јавноста. Поголемиот дел од работата на IETF се врши на мејлинг-листи и присуството на средбите не е задолжително за соработници.

Почетните средби беа многу мали, со помалку од 35 луѓе присутни на секоја од првите пет средби. Максималната посетеност на првите 13 средби беше само 120 учесници. Ова се случи на 12 средба одржана во текот на Јануари 1989. Овие средби се зголемија по учество и обем значително од почетокот на 1990 години; таа имала максимум посетеност од скоро 3000 во Декември 2000 EITF одржана во Сан Диего, Калифорнија. Посетеноста се намалила со преструктуирање на индустријата во текот на раните 2000ти години и моментално е околу 1200.[2]

Во раните 1990ти IETF ја смени институционалната форма од активност на американската влада во независна, меѓунардно активност поврзана со Internet Society.

Операции[уреди]

Деталите на своите операции се менувале значително како што растела, но основниот механизам останува објавување на нацрт-спецификација, преглед и независно тестирање од страна на учесниците и објавување. Интероперабилноста е главниот тест за IETF спецификациите да станат стандарди. Повеќето спецификации се фокусирани на поединечни протоколи отколку на испреплетени системи. Ова им овозможи нејзините протоколи да се користат во многу различни системи и нејзините стандарди рутински се употребуваат од органи кои создаваат полноправни архитектури ( Пр. 3GPP IMS).

Бидејќи се потпира на волонтери и користи ”груб консензус и running код” како свој критериум, резултатите можат да бидат бавни секогаш кога бројот на волонтери е или многу мал за да има напредок или многу голем што отежнува да се постигне консензус или кога на волонтерите им недостига потребната експертиза. За протоколи како SMTP, кој се користи за транспорт на е-пошта на корисничката заедница во многу стотици милиони, исто така постои голем отпор за секоја промена која не е целосно компатибилна. Работата во рамките на IETF на начините за подобрување на брзината на процесот за донесување стандарди е во тек, но бидејќи бројот на волонтери со свое мислење е многу голем, бавни се механизмите за консезус на тоа како да се подобрат.

Бидејќи IETF нема членови (ниту пак е организација сама по себе), Internet Society обезбедува финансиска и легална рамка за активностите на IETF и нејзините сестрински фирми (IAB, IRTF,...). Неодамна IETF постави IETF Фонд кој управува со авторските права на материјалите произведени од страна на IETF. Активностите на IETF се финансирани од плаќање учество на состаноците, спонзори на состаноците и од Internet Society преку своето организациско членство и приходите од Public Interest Registry.

Средбите на IETF во голема мера се разликуваат во тоа каде се одржуваат. Листата на локациите на минатите и идните средби може да се најдат на IETF meetings страната. IETF се стреми состаноците да се одржуваат во близина каде што повеќето IETF волонтери се лоцирани. Долго време целта била 3 средби годишно, 2 во Северна Америка и една или во Европа или Азија (балансира помеѓу нив секоја друга година). Соодносот на целта моментално е да има 3 во Северна Америка, 2 во Европа и 1 во Азија. Сепак, корпоративното спонзорство на средбите е типично поважен фактор па овој распоред не е строго почитуван со цел да се намалат оперативните трошоци.

Претседатели[уреди]

Претседател на IETF се бира од страна на NOMCOM процесот наведен во RFC 3777 за 2-годишен мандат, со обновување.

Пред 1993, претседателот на IETF се бирал од страна на IAB.

  • Mike Corrigan (1986)
  • Phill Gross (1986–1994)
  • Paul Mockapetris (1994–1996)
  • Fred Baker (1996–2001)
  • Harald Tveit Alvestrand (2001–2005)
  • Brian Carpenter (2005–2007)
  • Russ Housley (2007–)[3]

Наводи[уреди]

  1. Duffy Marsan, Carolyn. „Q&A: Security top concern for new IETF chair“, „Network World“, IDG, 26 јули 2007 (конс. 20 април 2008).
  2. „Past Meetings of the IETF“. http://www.ietf.org/meetings/past.meetings.html. конс. 5 август 2008. 
  3. „IETF Chairs by year“. http://www.ietf.org/ietf_chairs_year.html. конс. 23 март 2007. 

Надворешни врски[уреди]