Fedora (Linux дистрибуција)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Fedora 9 со GNOME

Fedora Core е RPM базирана ГНУ/Линукс дистрибуција развивана од Fedora Заедницата, а е спонзорирана од Red Hat. Таа се стреми да е целосен, сенаменски Оперативен Систем составен само од Слободен Софтвер. Fedora Core е изведена од оригиналниот Red Hat Linux Оперативен Систем, со цел да се исклучи користењето на Red Hat Linux кај домашните корисници. Поддршка за Fedora Core е достапна но, Red Hat не нуди поддршка за Fedora Core; Иако, повеќето од развивачите на Fedora Core се вработени во Red Hat. Fedora Core, сега, го формира централниот систем на Red Hat Linux дистрибуцијата.


Историја[уреди]

Fedora проектот беше почнат во доцна 2003 година, од каде Red Hat објави дека Red Hat Linux нема повеќе да биде развиван од Red Hat со предлог за сите корисници на Red Hat Linux да користат RHEL (Red Hat Enterprise Linux), а за тие што сакаат да користат Red Hat Linux или RHEL за домашна употреба да ја користат новосоздадената Fedora.

Почнувањето на Fedora проектот направи еден тренд помеѓу комерцијалните ГНУ/Линукс дистрибутери и развивачи да при секоја комерцијална верзија на една ГНУ/Линукс Дистрибуција да се пушти и една некомерцијална верзија на таа дистрибуција, која, при своето градење автоматски ќе го гради комерцијалниот ГНУ/Линукс систем.

Именување[уреди]

Шапка „федора“

Името Fedora доаѓа од доброволниот проект наречен Fedora Linux кој обезбедувал додатни пакети за Red Hat Linux дистрибуцијата.

Патем, Fedora e англиско име за еден вид на шапка - „федора“ која е направена од мек материјал, која напред и позади има остар облик.

Пакување[уреди]

Федора доаѓа на 5 CD-а или на 1 DVD. За основна инсталација потребни се само првото и второто CD. Таа доаѓа со инсталационата алатка Anaconda која може да инсталира графички или со текст. Инсталационите дискови ги содржат само најосновните пакети, и најстабилните пакети, иако, во складиштата на пакети има над 7,000 пакети.

Постојат три официјални складишта на пакети:

  • Fedora Core (со пакети потребни за целиот систем)
  • Fedora Updates (со пакети за ажурирање на системот)
  • Fedora Extras (со пакети за додатен екстра софтвер)

Едни од попопуларните складишта на пакети кои не се одржувани од Fedora е Livna.

Излегувања[уреди]

Fedora излегува на околу 5 - 6 месеци. Досега се излезени 6 стабилни верзии. Пред секое ново излегување на еден Fedora систем се прават три тест излегувања, при што, корисниците ќе можат да пријавуваат грешки и да го надградуваат системот.

Излезени верзии[уреди]

Верзија Име Излезено на/Ќе излезе Статус
7 Непознато 27 Мај, 2007 Во развој
6 Zod 24 Октомври, 2006 Се одржува
5 Boredaux 20 Март, 2006 Се одржува
4 Stentz 13 Јуни, 2005 Не се одржува
3 Heilderberg 8 Ноември, 2004 Не се одржува
2 Tettnang 18 Мај, 2004 Не се одржува
1 Yarrow 6 Ноември, 2003 Не се одржува

Тест Верзии на Fedora Core 7[уреди]

Излегува Дата
F7 Тест 1 1 Февруари, 2007
F7 Тест 2 1 Март, 2007
F7 Тест 3 27 Март, 2007
F7 Тест 4 24 Април, 2007

Додатни информации[уреди]

Fedora кај Red Hat

Fedora, сајт на заедницата

Помош околу Fedora[уреди]

Fedora ЧПП (Често Поставувани Прашања)

Fedora Solved

Fedora форуми