Adobe Dreamweaver

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Adobe Dreamweaver


Adobe Dreamweaver е најкористена апликација за креирање и развој на веб сајтови. Таа првично е создадена од Macromedia (фирма која од 2005 е во сопственост на Adobе). Dreamweaver е поддржан и на Windows и на MAC OS. Поновите верзии на Dreamweaver поддржуваат и веб апликации како: CSS, JavaScript, ASP, PHP и слично.

Опции (Можности)[уреди]

Кај Dreamweaver е добро тоа што е WYSIWYG (What You See Is What You Get) едитор. Тоа значи дека не мора да се знаат описни и програмски јазици за кодирање на сајт. Со мала обука како функционира апликацијата, и обични почетници можат да направат сопствен сајт, а притоа да немаат ниту елементарни познавања на HTML (Hyper Text Mark-Up Language). Но, добро е и тоа што има опција да се прикаже кодот за време на изработката на сајтот па со тоа сите што имаат познавање од HTML можат да изработат перфектен сајт. Друга предност е тоа што кодовите во Dreamweaver се компитабилни со W3C стандардите.

Dreamweaver ги има сите основни, но и понапредни опции за еден сајт да биде перфектен. Има опции за: Вметнување на флеш, вметнување на слики, креирање табели, уредување на текстот, линкување на слика, креирање на обични и паѓачки мениа, интересни ефекти и уште стотина корисни опции.

Што поддржува Dreamweaver ?[уреди]

Како што напоменав погоре, Dreamweaver поддржува многу веб апликации, меѓу кои и:

Историја на верзиите[уреди]

Креатор Главна верзија Споредно име Датум на издавање Кратки забелешки
Macromedia 1.0 1.0 Декември 1997 Верзија која е поддржана само на Mac OS
1.2 Март 1998 Прва верзија која е поддржана и на Windows
2.0 2.0 Декември 1998
3.0 3.0 Декември 1999
UltraDev 1.0 Јуни 1999
4.0 4.0 Декември 2000
UltraDev 4.0 Декември 2000
6.0 MX Мај 29, 2002
7.0 MX 2004 Септември 10, 2003
8.0 [1] 8.0 Септември 13, 2005
Adobe 9.0 CS3 Април, 2007 Замена на Adobe GoLive во Creative Suite series
10.0 CS4 Септември 23, 2008
Боја Значење
Црвена Стара верзија; не е во употреба
Жолта Стара верзија; сѐ уште се користи
Зелена Моментална верзија








Достапност[уреди]

Јазична достапност[уреди]

Adobe Dreamweaver CS4 е достапен на следниве јазици: Бразилско - Португалски, Кинески (Само во Windows), Чешки, Германски, Англиски, Француски, Италијански, Јапонски, Корејски (Само во Windows), Полски, Руски, Шпански, Шведски и Турски.

Наводи[уреди]