Ad providam

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Ad providam е името на папската була издадена од страна на папата Климент V на 2 мај 1312. Булата била издадена врз основа на претходната, Vox in excelso, која го укинала витешкиот ред темплари. Со булата Ad providam, всушност се наложило имотите на темпларите да се префрлат во сопственост на витешкиот ред болничари, со исклучок на неколу имоти, кои биле пензија за некои темплари, кои ја избегнале егзекуцијата и се оддале на калуѓерски живот.[1][2]

Наводи[уреди]

  1. д-р. Карен Ралс, Темпларите и Светиот грал, Quest Books, 2003 ISBN 0-8356-0807-7
  2. Малколм Барбер, Испитувањето на темпларите. Cambridge University Press,1978 ISBN 0-521-45727-0