Vox in excelso

Од Википедија — слободната енциклопедија

Vox in excelso (во превод од латински: Глас од високо) – папска була на римскиот папа Климент V, издадена на соборот во францускиот град Виен на 22 март 1312 година, со која витешкиот ред на темпларите се распушта и се одземаат неговите имоти.

Причини за издавање на булата[уреди | уреди извор]

Издавањето на булата му претходи на петгодишен период на прогон на темпларите, инспириран од францускиот крал Филип IV Убавиот, во кој период тие биле обвинети за безбожност, ереси и тешки злосторства.

За време на своето постоење, редот на темпларите добил голема моќ и сопственост на голем имот низ цела Европа. Гледајќи закана во нив и сакајќи го нивното богатството, францускиот крал Филип IV Убавиот, западнат во долгови кај темпларите, го убедил папата Климент V да започне гонење на редот. Во 1307 година, царот започнал апсења на витези темплари и ги обвинил за содомија, идолопоклонство, манихејство и други злосторства. На 13 октомври, Жак де Моле,голем мајстор на редот, бил уапсен заедно со сто и четириесет витези темплари. Соочени со страшна тортура, тие дале признанија за ерес, содомија, канибализам и многу други злосторства[1].

На 22 ноември 1307 година папата Климент V под влијание на францускиот крал издава була „Pastoralis Praeeminentiae“, со која се предвидува апсење на темпларите и фактички се оправдуваат активностите на францускиот крал. Повеќе од сто витези биле запалени живи на клада, а уште педесет и еден ја доживеале нивната судбина во 1311 година. На 18 март 1314 година, Жак де Моле и гувернерот на Нормандија, Жофроа де Шарне, исто така беа запалени на клада.

Редот бил формално ликвидиран со издавањето на Vox in excelso на 22 март 1312 година, на соборот во Виен. Како и другите папски були, и оваа го добива своето име во првите зборови на текстот. По поразот на редот на темпларите, остатокот од неговите живи претставници емигрирале во Шкотска и го започнале модерното масонство.

Ликвидацијата на редот конечно завршува со издавањето на булата „Ad providam“ (2 мај 1312).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Малколм Барбер, Испрашувањето на темпларите. Cambridge University Press, 1978 ISBN 0-521-45727-0