26 октомври (настани)

Од Википедија — слободната енциклопедија
1689  По наредба на австрискиот генерал Силвио Пиколомини, австриската војска го запали Скопје, кое гореше два дена. Австријците го запалија градот за да се спасат од епидемијата на чумата, но опасната болест не беше запрена од огнот. За кусо време изгореа многу куќи, дуќани и други градежни објекти. Покрај загубите што му беа нанесени на населението, неколку илјади австриски војници заболеа и умреа од чумата, а меѓу нив и нивниот генерал Силвио Пиколомини.
1863  Основан е Фудбалскиот сојуз на Англија.
1905  Шведска ја признала независноста на Норвешка.
1911  Прокламирана е Кинеската Република, но по 4 години повторно се вратила монархијата.
1912  Прва балканска војна: Грците го освоиле Солун, а Србите Скопје.
1955  Австрискиот Парламент го прифати Законот за постојана независност на земјата. Тој ден се прославува како национален празник на Република Австрија.
1992  Перуанскиот печат соопшти дека познатиот археолог Валтер Алва пронашол непозната група од 15 камени пирамиди, опкружени со населби чија старост се пронеценува на 35 векови. Новооткриениото археолошко наоѓалиште зафаќа површина од 3 км2 и се наоѓа на околу 60 километри од градот Чиклајо.
1993  Водачот на Црвените бригади, Марио Морети, во интервјуто дадено од неговата затворска ќелија, што го пренесуваше телевизискиот канал „РАИ 1“, призна дека го убил поранешниот премиер Алдо Моро. „Никогаш немаше да дозволам некој друг да го направи тоа. Тоа беше за мене и го извршив“, изјави Морети.
1993  Во Загреб е основано Хрватско-македонско друштво.
2002  Со упадот на специјалните сили во московскиот театар Дубровка, заврши заложничката криза во која од чеченски бунтовници два дена порано беа заробени над 900 гледачи. Загинаа 129 заложници и околу 40 бунтовници.
2017  Џасинда Ардерн станува премиер на Нов Зеланд.