Шумска јагода

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Шумска јагода
Научна класификација
Царство: Растенија
Оддел: Скриеносеменици
Класа: Дикотиледонски растенија
Ред: Розови растенија
Фамилија: Розоцветни растенија
Потфамилија: Розовидни растенија
Род: Јагода
Вид: F. vesca
Биномен назив
Fragaria vesca
Coville

Шумската јагода или ѕуница[1] (науч. Fragaria vesca) повеќегодишно растение што вирее во дивина ширум северната полутопка.

Сите видови на јагода имаат основен хаплоиден број од 7 хромозоми; Fragaria vesca се диплоидни, и со тоа имаат два пара на вакви хромозоми, значи вкупно 14.

Подвидови[уреди]

Постајат низа подвидови и облици:

  • Fragaria vesca подвид americana
  • Fragaria vesca подвид bracteata
    • Fragaria vesca подвид bracteata f. albida
    • Fragaria vesca подвид bracteata f. bracteata
    • Fragaria vesca подвид bracteata f. helleri
  • Fragaria vesca подвид californica
  • Fragaria vesca подвид vesca
    • Fragaria vesca подвид vesca f. alba
    • Fragaria vesca подвид vesca f. roseiflora, препознатлива по светлорозовата нијанса на неговите светчиња
    • Fragaria vesca подвид vesca f. semperflorens

Одгледување и употреба[уреди]

Шумската јагода се одгледувала насекаде во Европа пред да биде во голема мера заменета со градинарската јагода (Fragaria x ananassa и други хибриди), кои даваат многу поголеми плодови. Плодот на шумската јагода е многу посилен по вкус и арома, и сѐ уште се одгледува во мали количества кои се продаваат на гурмани.

За разлика од највеќето комерцијални сорти на јагоди, шумските јагоди ретко пуштаат надворешни коренчиња, и обично се размножуваат со семки или поделба на растението.

Некои сорти на F. vesca даваат зелени, бели или жолти јагоди при зрелост, покрај нормалните црвени јагоди.

F. vesca понекогаш се користи во билната медицина; билниот чај од листовите, стеблата и цветовите на ова растение се мисли дека лечи пролив.

Наводи[уреди]

  1. „ѕуница“ Дигитален речник на македонскиот јазик

Надворешни врски[уреди]

  • Den Virtuella Floran, шведска страница со добри фотографии од растението (шведски)