Шат ел-Араб

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Шат ел-Араб
شط العرب (арапски)
اَروَندرود (персиски)

Шат ел-Араб кај Басра, Ирак
Извор спој на Тигар и Еуфрат кај Курна
Утока Персиски Залив
Земји во сливот Ирак, Иран
Должина 200 км
Надм. вис. на изворот 4 м
Надм. вис. на устието 0 м
Прос. истек 1.750 м³/с

Шат ел-Араб (арапски: شط العرب, „Арапски Поток“; персиски: اَروَندرود, Арванд[1] = „Брза“) — река во југозападна Азија со должина од 200 км. Се создава со спојување на Тигар и Еуфрат кај местото Курна во покраината Басра во јужен Ирак. Јужниот крај на течението ја исцртува границата помеѓу Ирак и Иран, сè до устието во Персискиот Залив. Во ширина се движи од 232 м кај Басра до 800 м во устието. Се смета дека реката настанала релативно доцна во геолошки рамки, а пред тоа Тигар и Еуфрат се влевале во Персискиот Залив преку друг водотек на запад.

Од иранска страна на реката ѝ се приклучува притоката Карун и донесува големо количество мил. Поради ова, коритото мора постојано да се ископува за да се задржи пловноста.[2]

Во поречието е сместена најголемата шума на урмини палми во светот. Во средината на 1970-тите, подрачјето имало 17-18 милиони дрва, или 15 од вкупниот број во светот. Меѓутоа, веќе во 2002 г, воените судири, штетниците и солта уништиле преку 14 милиони палми, од кои 9 милиони во Ирак и 5 милиони во Иран. Голем број од преостанатите 3-4 милиони дрва се во лоша состојба.[3]

Во персиската книжевност и епот „Шахнаме“ (977-1010), името اروند Арванд се однесува на Тигар, кој е една од реките што го сочинува Шат ел-Араб.[4] Поимот почнал да се однесува на оваа река во периодот на Пахлевите и опстојува како таков и по Иранската револуција (1979) до денес.[4]

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Поточно Арвандруд = „Брза Река“
  2. Ирак — Поважни географски елементи (англиски)
  3. Шат ел-АрабУНЕП (англиски)
  4. 4,0 4,1 Арандруд, М. Кашеф. — Енциклопедија „Ираника“ конс. 18 октомври 2007

Надворешни врски[уреди]