Чен Деминг
Од Википедија, слободната енциклопедија
Д-р Чен Деминг (кин. 陈德铭; пинјин: Chén Démíng; р. 1949) е министер за трговија на НР Кина. На функцијата е назначен на 29 декември 2007 од страна на Постојаниот комитет на Националното народно собрание[1].
Биографија [уреди]
Чен е роден во Шангај. Во септември 1974 се зачленил во КПК. Дипломирал економија, а докторирал на тема државна администрација на Нанџиншкиот универзитет.
Служел како градоначалник на Суџоу, а потоа и како секретар на обласниот комитет на КПК. Од 2004 до 2006 бил на должноста управител на покраината Шенсји. Подоцна е назначен за заменик-секретар на Националната комисија за развој и реформи, каде се занимавал претежно со планирање и стратегии во енергетското стопанство.
Белешки [уреди]
- ↑ Чен Деминг е назначен за Министер за трговија - Tom.com (кинески)
| Политички функции | ||
|---|---|---|
| Претходник Џиа Џебанг |
Управител на Шенсји 2004–2006 |
Наследник Јуен Чунчинг |
| Владини функции | ||
| Претходник Бо Сјилај |
Министер за трговија на НР Кина 2007– |
Наследник — |