Челенка

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Челенката во хералдиката е елемент на грбот на врвот на круната и има декоративен карактер. Историски гледанo е единствениот елемент на грбот кој е употребуван на витешките турнири ако украс на шлемовите.

Челенката е моделирана во полукруг и споена со шлемот заедно со венец. Може да постои и друго решение кадешто челенката излегува од круната или да почива на хералдичката капа. Во пракса не е прифатливо да постојат сите елементи заедно.

Челенката може да игра и улога на беџ. Согласно шкотската традиција, нечиј следбеник може да ја прикаже својата верност кон својот старешина со тоа што ја носи челенката на својот патрон како беџ во вид на копче со сферна форма. Носењето на ваков беџ не претставува хералдичко правило, туку само симбол за припадност и лојалност.