Црква „Св. Пророк Илија“ - Блатец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети пророк Илија

Блатечка црква

македонска православна црква
Епархија Брегалничка
Архијерејско намесништво Кочанско
Парохија Блатечка
Местоположба

Карта

Место Блатец
Општина Виница
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети пророк Илија
Изградба 1850
Осветување непознато
Живопис XIX век
Зограф Никола Михајлов
Водство свештеник Орце Пешов
Архитектонски опис

Храмот Свети Пророк Илија, се наоѓа во селото Блатец, во Општина Виница и е парохиска црква на Блатечката парохија. Црквата претставува трикорабна базилика со рамни тавани. По форма и големина не се разликува од останатите цркви во регионот, кои се градени во средината на 19 век. Посебен впечаток оставт нејзините копаничарско обработените тавани, големиот крст на иконостасот и царските двери.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Според натписот над влезот на северната страна се прдпоставува дека храмот е изграден во 1850 година, иако другите белези на храмот укажуваат дека е граден пред 1850. Кога и од кој архијереј е осветена нема податоци.[1]

Живопис[уреди | уреди извор]

Црквата располага со 77 икони, од кои еден дел се работени од зографот Никола Михајлов од Крушево. Неговиот потпис се наоѓа на иконата “Зачетие на Св. Ана’’. Другите икони се со ликот на Христос, Богородица, Св. Ѓорѓи, Св. Јован Претеча, Св. Никола и не утврдено од кој автор се. Според оригиналниот натпис иконописецот потекнува од Крушево.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Историјата на црквата е опишана во сочувани белешки и во неколку стари книги кои се наоѓаат во црковната библиотека и кои сè уште се користат за одделни црковни празници.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Музеј Виница“. Архивирано од изворникот на 2011-11-02. Посетено на 2011-10-31.