Црква „Св. Петка“ - Маково

Координати: 41°07′06.5″N 21°36′43.3″E / 41.118472° СГШ; 21.612028° ИГД / 41.118472; 21.612028
Од Википедија — слободната енциклопедија
Света Петка

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Битолско
Парохија Старавинска
Местоположба

Карта

Координати 41°07′06.5″N 21°36′43.3″E / 41.118472° СГШ; 21.612028° ИГД / 41.118472; 21.612028
Место Маково
Општина Новаци
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Света Петка
Завршено 2002
Осветување 2002
Архитектонски опис

Света Петка – манастирска црква на Маковскиот манастир.

Историја[уреди | уреди извор]

Црквата била изградена и осветена во 2002 година.[1]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Градбата на црквата има правоаголна основа со многуаголна апсида на источната страна. Влезот на црквата се наоѓа на западната страна и над него има ниша со застаклена фреска на којашто е насликана Света Петка. Непосредно пред влезот, до западната страна на храмот, се издига камбанаријата. Таа има квадратна основа и на секоја страна во нејзиниот горен дел има по една отворена монофора. Објектот на црквата и камбанаријата се обоени во бела боја и покриени со кров од ќерамиди, додека апсидата е покриена со лимен кров.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Маково Архивирано на 1 декември 2021 г.“. Мој Роден Крај.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]