Црква „Св. Петка“ - Велес

Од Википедија — слободната енциклопедија
Света Петка

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Повардарска
Архијерејско намесништво Велешко
Парохија Трета велешка
Местоположба

Карта

Место Велес
Општина Велес
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Света Петка
Изградба 2006-2011
Осветување 13 ноември 2011
Зограф Александар Иванов, Милка Конеска
Архитектонски опис

Света Петкацрква [1] на југ од градот Велес, веднаш од десната страна на патот за Градско и реката Вардар. Ова здание најпрвин, било параклис, односно молебеник, за некаде во деведесеттите години од минатиот XX век да се преуреди и догради во помала црква. Постоењето на молебеникот-параклисот не е точно утврден, но се претпоставува дека е од понов период. Во периодот од 2005 до 2011 е започната изградба на голем и современ црковен објект со целосен фрескоживопис на ѕидовите во внатрешноста, во кој е вграден и зачуван молебеникот (параклисот). Особено е впечатлива внатрешноста на црквичката во која се наоѓа природен извор на вода за која велешани веруваат дека има исцелителна моќ[2]. Црквата е осветена од страна на митрополитот повардарски г. Агатангел во сослужение со митрополитот европски Пимен и бројно свештенство и присуство на градоначалникот и пратеници од Велес, на 13 ноември 2011 година[3]. Црквата е изградена според архитектонското дело на архитектот Благој Здравев, фрескоживописувањето го извршиле зографите Александар Иванов и Малка Конеска, а иконостасот е дело на Љубомир Бисинов[3].

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. „Црквата Света Петка“. Архивирано од изворникот на 2013-01-26. Посетено на 2013-02-06.
  3. 3,0 3,1 Осветување на црквата „Св. Петка“ Велес - Повардарска епархија