Црква „Св. Никола“ - Лавци (Битолско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Никола
македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Битолско
Парохија Седумнаесетта приградска
Местоположба

Карта

Место Лавци (Битолско)
Општина Битола
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Изградба 1939
Осветување 1961
Архитектонски опис

Свети Никола — главна селска црква во селото Лавци, Општина Битола, Македонија.[1] Црквата е сместена во средишниот дел на селото и до неа води тесен асфалтен пат. Според натписот над јужниот влез, денешната црква е подигната во 1939 година а била осветена дури во 1961 година. Храмот има триконхална или трилисна форма, со купола поставена на осумстран тамбур и со влезови од јужната и западната страна. Внатрешноста на црквата со два реда на 39 столбови, надолжно е поделена на три кораби. Во западниот дел е издвоен нартекс над кој се наоѓа горната галерија. Ѕидовите во внатрешноста не се насликани. Олтарниот простор е издвоен од наосот со висок иконостас во резба, со три реда на икони, сите датирани во периодот после обновата на црквата. Низ внатрешноста на храмот може да се забележат неколку постари икони, кои им припаѓале на постарата црква во селото Лавци, која била срушена со бомбардирањата во периодот на Првата светска војна. Тие според својот изглед и датирањето во 1855 г., повеќето им припаѓале на стариот амвон или певницата и еден дел на некогашниот иконостас.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.