Црква „Св. Никола“ - К’шање

Координати: 42°01′57″N 21°56′46″E / 42.03250° СГШ; 21.94611° ИГД / 42.03250; 21.94611
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Никола

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Кумановско-осоговска
Архијерејско намесништво Кумановско-кратовско
Парохија Клечовска
Местоположба

Карта

Координати 42°01′57″N 21°56′46″E / 42.03250° СГШ; 21.94611° ИГД / 42.03250; 21.94611
Место К’шање
Општина Куманово
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Завршено 1884
Архитектонски опис
Стил предодбенички

Свети Никола — главна селска црква во кумановското село К’шање, Македонија.[1]

Црквата се наоѓа во лоша состојба и истата е скоро целосно обрасната од вегетацијата.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Црквата се наоѓа во месноста Селиште, каде претходно таму се наоѓало црквиште. Покрај црквата се наоѓаат селските гробишта.[2]

Најблиско маало на црквата е Вучковци.

Историја[уреди | уреди извор]

Црквата е гробишен храм, изграден во 1884 година,[3] иако во книгата „Кумановска област“ на Јован Трифуноски е наведено дека била подигната околу 1900 година.[2]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Има камени релјефни украси.[3]

Фрескоживопис[уреди | уреди извор]

Насликата е од истакнатиот мајстор Димитар Андонов Папрадишки и Петар Николов од Велес.[3] Во книгата „Кумановска област“ на Јован Трифуноски е наведено дека на живописот работеле Васил и Мијалко „од Тетово“.[2]

Иконостас[уреди | уреди извор]

Има позлатени резбани царски двери.[3]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 57. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје: САНУ. стр. 165.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 „Преродбенски период“. Центар за дигитализација на националното наследство. Архивирано од изворникот на 2014-04-15. Посетено на 15 април 2014.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]