Црква „Св. Климент Охридски“ - Велгошти

Координати: 41°8′2″N 20°50′13″E / 41.13389° СГШ; 20.83694° ИГД / 41.13389; 20.83694
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Климент Охридски
Свети Пантелејмон

Поглед на црквата со селските гробишта

македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Охридско
Парохија Велгошка
Местоположба

Карта

Координати 41°8′2″N 20°50′13″E / 41.13389° СГШ; 20.83694° ИГД / 41.13389; 20.83694
Место Велгошти
Општина Охрид
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Климент Охридски
Изградба 1872
Осветување 6 декември 2015 (реосветена)
Живопис 1944
1982
Зограф Коста Иванов
Марјан Ристески
Архитектонски опис
Архит. тип тробродна базилика

Свети Климент Охридски (позната и како Свети Пантелејмон) — главна селска црква во охридското село Велгошти.[1]

Црквата претставува главна парохиска црква на Велгошката парохија.[2]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Црквата е сместена во стариот дел на селото, а околу нејзе се наоѓаат и селските гробишта, кои и денес се користат од селото.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Црквата била изградена во 1872 година.[2]

Црквата е реосветена на 6 декември 2015 година по повод 180 години од изградбата на храмот и 100 години од реосветувањето на истиот.[4]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Црквата претставува тробродна базилика. Има полукружна апсида. Внатрешниот дел на покривот е сводест.[5]

Фрескоживопис[уреди | уреди извор]

Црквата била делумно фрескоживописана во 1944 година од страна на зографот Коста Иванов од Тресонче, а останатите делови биле довршени во 1982 година од страна на уметникот Марјан Ристески од самото село Велгошти.[2]

Во црквата е забележано следново:[5]

„Живописот е изработен во 1944 година од Коста К. Иванов иконописец од с. Тресонце, Дебарско, за време на инорискиот свештеник Леонид Ив. Трпенов со милоста божја. Мат. помош благочест на Христа од с. Велгош“.

Иконостас[уреди | уреди извор]

Целиот иконостас е споменик на културата.[5]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 48. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Дебарско-кичевска епархија - Намесништва“. www.dke.org.mk. Посетено на 2019-12-22.
  3. Трифуноски, Јован Ф. (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. Београд: Српска академија наука и уметности. ISBN 8670251582. OCLC 27418468.
  4. покана за реосветување[мртва врска]
  5. 5,0 5,1 5,2 Ристески, Стојан (1982). Велгошти: прилог за монографија. Охрид: Месна заедница на Велгошти.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]