Црква „Св. Илија“ - Лактиње

Координати: 41°23′13.8″N 20°47′52.4″E / 41.387167° СГШ; 20.797889° ИГД / 41.387167; 20.797889
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Илија
македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Охридско
Парохија Годивска
Местоположба

Карта

Координати 41°23′13.8″N 20°47′52.4″E / 41.387167° СГШ; 20.797889° ИГД / 41.387167; 20.797889
Место Подмоље
Општина Дебрца
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Пророк Илија
Завршено 1923
Живопис 1927
Архитектонски опис
Архит. тип базилика
Стил преродбенички

Св. Илијацрква во охридското село Лактиње, Општина Дебрца, стилски претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Охридското архијерејско намесништво во Дебарско-кичевската епархија на МПЦ - ОА.[1]

Ова е гробишен храм, изграден врз постара црква, за што сведочат доцносредновековните гробови околу него. Остатоците од старата црква се зачувани во олтарниот простор. Поновата црква е голема базилика од кршен камен со калкански покрив и петстрана апсида на исток. Од западната сттрана, до задпадниот влез има голема камбанарија. Црквата е изградена од мајсторот Максим Илиев Здравев во 1923 година, како што може да види од натписот на мермерна плоча лево од главниот влез. Во западниот дел има женска црква. Според натписот одвнатре на јужниот влез, храмот бил живописан за време на епископот Николај Охридски во 1927 г. од браќата Ѓорѓи и Димитар Андонови од Гари.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Николовски, Дарко. „Иконите од црквата Св. Троица од селото Мождивњак, Крива Паланка“ (PDF). Патримониум.mk. 7 (12): 195.
  2. „Цркви и манастири во Охридско“. МИА. 2 март 2015. Архивирано од изворникот на 2017-07-29. Посетено на 28 јули 2017.