Црква „Св. Илија“ - Дрен (Прилепско)

Координати: 41°19′22.2″N 21°46′48.1″E / 41.322833° СГШ; 21.780028° ИГД / 41.322833; 21.780028
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Илија

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Прилепско
Парохија Плетварско-беловодичка
Местоположба

Карта

Координати 41°19′22.2″N 21°46′48.1″E / 41.322833° СГШ; 21.780028° ИГД / 41.322833; 21.780028
Место Дрен
Општина Прилеп
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Пророк Илија
Изградба XIX век (со неколку обнови, најнова 2008 - 2014)
Осветување 2014 (најнова)
Архитектонски опис

Св. Илијацрква и манастир во прилепското село Драгош. Му припаѓа на Прилепското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.

Дренскиот манастир е сместен на 1 км јужно од селото. Изграден е во текот на XIX век,[1] но на почетокот на XX век црквата била во урнатини, и од неа е зачуван само престолот. Се смета дека манастирот бил уништен од Турци. Во 1950 г. благодарение на ктиторот Цветко Георгиоски е изградена малка црквичка, каде мештаните се собирале на Илинден и Арангеловден. Подоцна на нејзино место е изграден поголем грам, осветен на 2 август 1972 г. од митрополитот Методиј Дебарско-кичевски. Во 2008 г. таа црква е срушена, па на 7 јуни 2008 г. се осветени темелите на новиот манастирски храм. Завршената црква е осветена на 26 април 2014 г. од митрополитот Петар Преспанско-пелагониски.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Николовски, Дарко. „Иконите од црквата Св. Троица од селото Мождивњак, Крива Паланка“ (PDF). Патримониум.mk. 7 (12): 195.
  2. „Манастир „Свети Илија", село Дрен“. Old Prilep. Посетено на 27 декември 2021.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]