Црква „Св. Илија“ - Градовци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Илија

Црквата „Свети Илија“ во селото Градовци

македонска православна црква
Епархија Скопска
Архијерејско намесништво Јужноскопско
Местоположба

Карта

Место Градовци
Општина Зелениково
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Илија
Изградба 1926 година, обновена 1993 година
Ктитор Блаже Станковски
Архитектонски опис

Свети Илијамакедонски православен храм во селото Градовци во околината на градот Скопје.[1] Сместен е во густа дабова шума на крајот на горното маало на селото, веднаш од десната страна на земјениот пат кој води кон селата Гумалево и Тисовица. Црквата се наоѓа југозападно од селото и во нејзината околина има старински гробишта со камени крстови[2], кои до денес се добро зачувани. Оваа црква во 1923 на местото на остатоците од дотогашното црквиште (имало „ѕидини“) ја изградил еден селанец (Блаже Станковски) кој немал машки деца[2]. На денот на црквата, Илинден, се колела жртва (крава) крај црквата[2]. Околу црквата има свети и чудотворни („табуисани“) дабови[2], кои се оградени со железна ограда и крај кои населението пали свеќи и остава пари и разни дарови. Според натписот на влезот на црквата таа била возобновена во 1993 година, кога го добила и денешниот изглед со покриена трпезарија со маси и фрески и икони дарувани за здравје од семејства со потекло од селото Градовци.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Трифуноски Ф. Јован. „Поречието на Кадина Река“. Филозофски факултет Скопје, 1952 г. стр.86