Црква „Св. Варвара“ - Драгош

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Света Варвара“
македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Битолско
Парохија Бистричка
Местоположба

Карта

Место Драгош
Општина Битола
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Света Варвара
Архитектонски опис

„Света Варвара“ – поствизантиска црква која се наоѓа западно од битолското село Драгош, на самата граница со Грција. Административно припаѓа на Бистричката парохија, Битолското архијерејско намесништво, Преспанско-пелагониската епархија на Македонската православна црква.[1][2]

Црквата е мал еднокорабен храм, изграден во поствизантиско време. До крајот на 20 век на источната фасада, во триаголниот простор над апсидалната конха, сочувани се остатоци од композицијата „Вознесение на Свети Илија“. Во текот на реновирањето од месното население биле уништени сите елементи од кои би можело поточно да се одреди од кога датира оваа црквичка. На крајот на 20 век неколку икони од црквата се пренесени во битолската катедрала „Св. Димитриј“. Во Музејот на Македонија во Скопје се наоѓа иконата „Свети Теодор Тирон и Теодор Стратилат“ која датира од крајот на 15 или почетокот на 16 век.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Драгош

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Палигора, Ристо (2013). Неколку царски двери од ХVІ и ХVІІ век во регионите на Пелагониjа и Преспа, во: Прилози ХLІV 1-2, посветени на академик Цветан Грозданов по повод 50 години научноистражувачка деjност. Зборник на трудови од научниот собир одржан на 4 октомври 2012 година во Охрид. Скопје. стр. 146.
  2. Палигора, Ристо (декември 2011). Студија за поврзување и промоција на манастирскиот туризам на Баба Планина (PDF). Битола: Центар за развој на Пелагонискиот плански регион. стр. 32. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-12-28. Посетено на 2021-08-09.