Црква „Св. Богородица“ - Волино

Координати: 41°13′3″N 20°44′45″E / 41.21750° СГШ; 20.74583° ИГД / 41.21750; 20.74583
Од Википедија — слободната енциклопедија
Света Богородица
македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Охридско
Парохија Мешеишка
Местоположба

Карта

Координати 41°13′3″N 20°44′45″E / 41.21750° СГШ; 20.74583° ИГД / 41.21750; 20.74583
Место Волино
Општина Дебрца
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Богородица Марија
Завршено 1900
Живопис 1942
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабен
Стил преродбенички

Св. Богородицацрква во охридското село Волино, Општина Дебрца, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Охридското архијерејско намесништво во Дебарско-кичевската епархија на МПЦ - ОА.

Црквата е гробишен храм сместен во југоисточниот дел на селото. Изградена е во 1900 г. Претставува еднокорабна градба со трансепт. Трите апсиди (од источна, јужната и северната стана) се петстрани. Иконите се изработени од зографите Крсте Николов Коловски и синот Рафаил Крстев Коловски од Лазарополе. Храмот е целосно живописан во 1942 г.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Охридско архијерејско намесништво“. Дебарско-кичевска епархија. Посетено на 17 март 2014.