Црква „Св. Архангел Гаврил“ - Модрич

Координати: 41°22′18.3″N 20°34′49.6″E / 41.371750° СГШ; 20.580444° ИГД / 41.371750; 20.580444
Од Википедија — слободната енциклопедија
Архангел Гаврил

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Струшко
Парохија Втора струшка
Местоположба

Карта

Координати 41°22′18.3″N 20°34′49.6″E / 41.371750° СГШ; 20.580444° ИГД / 41.371750; 20.580444
Место Модрич
Општина Струга
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Архангел Гаврил
Архитектонски опис

Архангел Гаврилцрква во близина на селото Модрич.[1] Сместена е на околу 5 км источно од селото и до неа води исклучување од десната страна на патот кој води кон селото Дренок. Црквата претставува метох на Бигорскиот манастир.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Во близина на црквата се наоѓаат остатоци од ѕидовите на средновековен манастир кој до темел бил уништен од страна на „азиските завојувачи“. Манастирот „Св. Архангел Гаврил“ бил во целост обновен во периодот од 1930-1932 година, но кон крајот на 1944 година бил ограбен и запален.[2]

Камен-темелник и осветување на местото за изградба на денешната црква бил поставен на 26 јули 2000 година од страна на митрополитот на Дебарско-кичевската епархија г. Тимотеј. Во 2014 година, братството на Бигорскиот манастир успеало преку денационализациска постапка да го врати имотот во свое владение.[2]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Градбата на црквата претставува крстокуполен храм со полукружна апсида во задниот дел и купола со осумаголна основа. Секоја втора страна од купоалта содржи по една монофора, додека на останатите има по еден монофорен облик. Влезот на црквата е сместен на западната страна, а над него има полукружна ниша со фреска на која е насликан Архангел Гаврил. Црквата е изградена од камен и во целост е покриена со лимен кров.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 40. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 Н., Р.. „Метох Св. Архангел Гавриил“. Бигорски манастир.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]