Црква „Св. Јован“ - Дебриште

Координати: 41°27′30″N 21°52′49″E / 41.45833° СГШ; 21.88028° ИГД / 41.45833; 21.88028
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Јован Крстител
македонска православна црква
Епархија Повардарска
Архијерејско намесништво Кавадаречко
Парохија Росоманска
Местоположба

Карта

Координати 41°27′30″N 21°52′49″E / 41.45833° СГШ; 21.88028° ИГД / 41.45833; 21.88028
Место Дебриште
Општина Росоман
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Јован Крстител
Изградба XIX век
Живопис 1873
Архитектонски опис
Стил преродбенички

Св. Николаправославна црква во кавадаречкото село Дебриште, Општина Росоман, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Кавадаречкото архијерејско намесништво во Повардарската епархија на МПЦ - ОА.

Црквата изградена во втората половина на XIX век. Над западниот влез, во нишата е насликан покровителот Свети Јован Крстител, како и годината на живописувањето на црквата — 1873. Ова е мал храм со отворени тремови од јужната и северната страна кои се во урнатини. Внатрешниот свод е со рамна дрвена таваница. На јужниот ѕид од внатрешната страна има натпис на зографите: „Из руки Петре и син его Глигур из Дебор село Тресанче 1873“. Зачувани се фрески во наосот и олтарот, но се во лоша состојба. Има икони од XIX век.[1][2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Св. Јован Крстител, с. Дебриште“. Културно и национално наследство на Кавадарци. Посетено на 22 мај 2016.[мртва врска]
  2. „Росоманска парохија - цркви и манастири“. Повардарска епархија. 3 јуни 2008. Посетено на 20 февруари 2014.