Црква „Св. Ѓорѓи“ - Селемли

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Ѓорѓи
македонска православна црква
Епархија Повардарска
Архијерејско намесништво Гевгелиско
Парохија Стојаковска
Местоположба
Место Селемли
Општина Богданци
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Ѓорѓи Победоносец
Изградба мај 2012
Архитектонски опис

Свети Ѓорѓи претставува македонска православна црква во богданскотото село Селемли.[1] Камен-темелникот на црквата бил поставен во 2011 година, додека почетоците на изградба во мај 2012 година. Црквата се градела со средства обезбедени од буџетот на општина Богданци и дарителите „Ноел“-Стојаково и „Дојран Стил“.[2]

Во 2018 година црквата сѐ уште не е изградена и има само поставено темели.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. „Во селото Селемлија ќе почне да се гради црквата „Свети Георги". Курир. 13 мај 2012. Архивирано од изворникот на 2012-05-15. Посетено на 2012-05-13.