Црква „Св. Ѓорѓи“ - Бучин
Свети Ѓорѓи
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Крушевско-демирхисарска |
Парохија | Бучинска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°16′28″N 21°17′31″E / 41.27444° СГШ; 21.29194° ИГД |
Место | Бучин |
Општина | Крушево |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Ѓорѓи |
Архитектонски опис |
Свети Ѓорѓи — манастирска црква на Бучинскиот манастир во крушевското село Бучин, Македонија.[1][2]
Црквата е сместена северозападно од селото Бучин, помеѓу двата железнички тунела на неактивната линија Бакарно Гумно-Сопотница, до која води земјен пат.
Местоположба[уреди | уреди извор]
Црквата се наоѓа во месноста Манастириште, сместена 2 километри северозападно од селото, на една падина. Покрај манастирот се наоѓала чешмата Јанкоец.[3]
Историја[уреди | уреди извор]
Податоците од мештаните говорат дека црквата била подигната кон крајот на XVIII век, но трипати била палена од турскиот аскер. Иако била исто толку пати обновувана, последниот изгорела до темел и останала така. Дури во 1980-тите години на иницијатива на дедо Јонче Мишески била обновена црквата на изгорените темели, обраснати со трева и капини.[2]
Галерија[уреди | уреди извор]
-
Апсидата
-
Припратата
-
Камбанаријата
-
Куполата
-
Влезот
-
Ниша со фреска над влезот
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 „Бучинска парохија“. Преспанско-пелагониска епархија. Посетено на 17 декември 2021. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „:1“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ Трифуноски, Јован (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina: antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Црква „Св. Ѓорѓи“ - Бучин на Ризницата ?