Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Кадино Село

Координати: 41°18′19.1″N 21°27′27.7″E / 41.305306° СГШ; 21.457694° ИГД / 41.305306; 21.457694
Од Википедија — слободната енциклопедија
Рождество на Пресвета Богородица
македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Прилепско
Парохија Малокоњарска
Местоположба

Карта

Координати 41°18′19.1″N 21°27′27.7″E / 41.305306° СГШ; 21.457694° ИГД / 41.305306; 21.457694
Место Кадино Село
Општина Прилеп
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Богородица Марија
Завршено 1862
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабен
Стил преродбенички

Рождество на пресв. Богородицацрква во прилепското Кадино Село, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Прилепското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.

Црквата е гробишен храм, сместен во југозападниот дел на селото. Изградена е во 1862 година. Претставува еднокорабна засводена градба. Во 1980 година настрадала од пожар во кој изгорил инвентарот. Истат година храмот е обновен. Во црковниот двор е гробот на македонскиот револуционер Методија Патчев кој загинал во Кадино Село во 1902 година.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Црква „Пресвета Богородица", Кадино Село“. Old Prilep. Посетено на 30 декември 2021 г. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)