Цариградски весник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Цариградски весник
Основан1848
Јазикбугарски
Престанал1862

„Цариградски весник“ бил бугарски неделник, кој излегувал во Цариград од 1848 до 1862 година, едно од најсериозните изданија на бугарски јазик од преродбенскиот печат.

Весникот е основан од Иван Богоров, по престанокот на весникот „Бугарски орел“. Богоров е и негов главен редактор до 1850 година, по што весникот го преземал Александар Екзарх и за кратко Тодор Бурмов.

Освен публицистика и документарни географски, историски и биографски написи, во „Цариградски весник“ биле публикувани и уметнички текстови. Биле објавени и преводи и бугарски адаптации на странски книги, како „Робинзон Крусо“ на Даниел Дефо и „Јаничарите“ на Мор Јокај. Во „Цариградски весник“ пишувал и Јордан Хаџиконстантинов Џинот, кој на страниците на весникот публикувал мноштво статии, белешки и литературни дела.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]