Хепатит А

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Hepatitis A
Класификација и надворешни извори
Jaundice eye.jpg
Хепатитит А предизвукува жолтица
МКБ-10 B15
МКБ-9 070.0, 070.1
DiseasesDB 5757
MedlinePlus 000278
eMedicine med/991 ped/977
MeSH D006506

Хепатитите се група инфективни и контагинозни заболувања кои се предизвикани од најмалку пет врсти на вируси. Болеста ја предизвикуваат вирусите на Hepatitis virosa acuta тип A, B, C (non A non B), D (делта) и Е, но поретко причина можат да бидат други вируси како што се: Epstein-Barr virus,Citomegalovirus и друго. Бактериските белодробни инфекции и апцеси, туберкулозата и други грануломатозни инфилтрати понекогаш се нарекуваат хепатит (грануломатозен хепатит), но клиничките, биохемиските и хистолошките белези се различни од дифузните промени при хепатитите. Над 400 милиони луѓе во светот се носители на овој вирус. Секоја година се откриваат 3-4 милиони нови случаи. Над 50% хепатоцелуларен карцином се должи на HB вирусот. Како резултат на компликациите на хепатитис Б инфекцијата (цироза и хепатоцелуларен карцином) има околу два милиони смртни случаи годишно. Хепатитис Б е меѓу десетте водечки причини за смрт (шесто место). Во некои делови на светот хепатитис Б инфекцијата e позната како серумска жолтица „serum hepatitis“ и е постојано присутна (ендемична) кај населението во Југоисточна Азија и Субсахарска Африка, 15-20% возрасни се хронично инфицирани со хепатитис Б вирусот. Во САД и Западна Европа помалку од 2% од населението се хронично инфицирани. Пат на пренос се интравенското земање дроги и незаштитен сексуален однос. Во Источна Европа, Русија и Јапонија, 2 до 7% од населението се хронично инфицирани. И покрај фактот дека постои вакцина, од ХБВ инфекцијата умира едно лице на секои 35-40 секунди. Американскиот Црвен крст не дозволува дарување на крв доколку не е помината една година од тетовирање или пирсинг, при што задолжителна е пријава од студиото. Со ова се овозможува избегнување на ризиците за појава на пренесување на болести како што е вирусот хепатит Б.

Што претставува Хепатит А (Жолтица)?[уреди]

Хепатитис А е воспаление или отекување на црниот дроб.

Настанување на хепатит А

Етиологија[уреди]

Акутните вирусни хепатити се акутни вирусни заболувања предизвикани од акутни инфекции, предизвикани од специфични хепатотропни вируси, кои што предизвикуваат дифузно воспаление на црниот дроб. Тоа се група на заболувања кои се распространети низ целиот свет и имаат слични клинички, биолошки и морфолошки карактеристики. Најмалку пет од хепатотропните вируси причинуваат акутен вирусен хепатитис кај луѓето: А, B, C, D и Е. Тие се добро карактеризирани и предизвикуваат околу 90% од акутните и 95% од хроничните вирусни хепатитиси (табела1). Други хепатитиси како што се F и G можат да бидат причинители на хепатит. При инфективна мононуклеоза, CMV, жолта треска и др. воспалениоето на црниот дроб не е единствена или основна појава на заболувањето. Вирусот на Hepatitis virosa acuta тип B припаѓа во Hepadnaviridae. Потполниот вирус е познат како Данеова партикула и има сферичен облик со големина од 42nm. Геномот на вирусот претставува нуклеокапсид со шестоаголен облик во кој е содржана DNK, а на нека ковалентно се врзани DNK полимераза и протеин киназа. Поседува обвивка со дебелина од 7nm, која е составена од липиди, протеини и јагленохидрати. На 60°C останува жив над четири часа. Данеовата партикула претставува комплетен вирус и е инфективна. Некомплетните партикули можат да се појават во крвта во облик на HbsAg во тубуларен или сферен облик и имаат големина од 16-25nm. Врз основа на различните аминокиселини кои можат да бидат содржани во обвивката, идентификувани се неколку подтипови на овој антиген и тоа: adw, ayw, adr, ayr. Во јадрото на вирусот се наоѓаат два антигени а тие се: HbcAg и HbeAg. На овие антигени организмот создава соодветни антитела.

Епидемиологија[уреди]

Се јавува спорадично, нема сезонски карактер на јавување и најчесто се јавува на работни места со висок ризик, но во светот постојат подрачја каде што вирусот претставува постојано заболување. Вирусот на Хепатит Б во организмот влегува најчесто парентерално преку недоволно стерилни игли и прскалки, хирушки инструменти и апарати за хемодијализа. Извор на зараза се луѓе во чија крв се наоѓа вирусот. Извор на зараза можат да бидат и биолошките течности односно излачевини како што се (плунка, урина, млеко, сперма, вагинален секрет и фецес). Се пренесува преку давање на инјекции, при хируршки зафати и трансфузија на крв, преку микро повреди кај здравствени работници во лабораториите, одделите за трансфузија и хемодијализа. Исто така се пренесува и преку сексуален пат, преку приборот за лична хигиена (четка за заби, прибор за бричење и сл.), а тука треба да се напомене дека се пренесува и преку трансплацентарно (од мајката на бебето). Од ова заболување заболуваат сите луѓе без разлика на годините. Почесто заболуваат проститутки, хомосексуалци, лица со хронично заболување на црниот дроб или хепатитис Ц ,затвореници и персонал во затвор ,лица со повеќе сексуални партнери хронични болни лица кои примаат цитостатици и кортикостероиди. Не се пренесува преку вода, храна и облека. Уметностана тетовирање и пирсинг носи свој ризик кој подразбира нарушување на еден од најзначајни одбрамбени делови на човечкото тело-кожата. Доколку не се работи во соодветни услови опасноста не е никаков сомнеж да се добие сериозно заболување како што е Хепатит Б, но и многу други како што се:

При бременост, заради опструкцијата на фетусот врз хепарот и жолчните патишта, може да се јави физиолошка хипербилирубинемија. Иако вирусите на хепатит имаат тератогено дејство, акутните вирусни хепатитиси за време на бременост имаат потежок клинички тек и можат да предизвикаат ембриопатија или предвремено породување.

Инкубација[уреди]

Инкубацијата кај оваа болест се движи од 45 до 160 дена и повеќе.

Клиничка слика[уреди]

Акутниот хепатитис Б е со релативно кусо траење, кој ретко се открива. Околку 50 до 70% од инфекциите се асимптоматични. 5% прогресираат во хроничен хепатитис, цироза на црн дроб или примарен хепатоцелуларен карцином. Децата кои заболуваат од хепатитис Б во најголем дел се асимптоматски, но кај нив стапката на развој на хроничен хепатититс Б е повисока од 95%. Хепатитот Б дава симптоми кои се слични на симптомите на грипот, а тоа се: зголемена телесна температура, треска, мачнина, гадење, замор, општа слабост, темна боја на урината и жолта боја на кожата и белките на очите. Сите деца кои се изложени на опасност да се разболат од жолтица – хепатит Б, треба да бидат заштитени од оваа болест. Во крајни случаи, хепатитот Б може да го уништи црниот дроб и да предизвика смрт. Активноста на трансаминазите (ензими на црниот дроб) се 10-30 пати над референтните вредности. HbsAg може да е детектибилен во крвта дури и во почетниот период.Од друга страна пак, многу луѓе можат да бидат заразени од вирусот и да го „носат“ во себе долго време, па дури и цел живот, а без да се свесни за тоа.Тоа што не постојат симптоми и знаци на инфекцијата со хепатит Б кај некои луѓе, не значи дека таа и не постои. Вирусот е присутен во организмот и тој предизвикува оштетување на црниот дроб, кое со тек на време доведува до развој на цироза, а цирозата, пак, е еден од факторите на ризик за настанување на ракот на црниот дроб. Според тоа, како фактор на ризик за настанување на примарниот рак на црниот дроб е и инфекцијата со вирусот на хепатитот Б. Значајно е и тоа што ова е заразно заболување, а тоа значи дека лесно може да се пренесе од болен на здрав човек. Луѓето кои се носители на вирусот на хепатитот Б може да заразат други здрави луѓе, иако самите не знаат дека се носители на вирусот.

Стадиуми кај вирусот на хепатит Б[уреди]

Кај ова заболување разликуваме три стадиуми, а тие се:

  • Предиктеричен

Често пати може да отсуствува, а обично трае 2 до 3 седмици, има постепен или незабележителен тек. Општиот инфективен синдром се манифестира со катарални симптоми на горните дишни патишта, малаксаност, адинамија, субфебрилна температура и миалгии и со дигестивни симптоми: намален апетит, гадење, повраќање, диареа и болки во епигастриум, кои се посебно изразени под десниот ребрен лак. Уште во овој стадиум мочката станува потемна, столицата посветла и се јавува жолтило (иктерус) на склерите на очите и слузниците, а таложењето и создавањето на имунолошките комплеки предизвикува артралгии, пруритус, оток на зглобовите и макулопапулозен исип по кожата.

  • Иктеричен

Во овој стадиум е иктерусот, односно жолтото пребојувањена кожата, склерите, мекото непце, лицето и трупот. Најинтензивен е во првите 10-15 дена, а во следните 3-4 недели се повлекува. Столицата е ахолична, мочката темна, а диурезата намалена. Доаѓа и до џепато и спленомегалија, при што хепарот е зголемен за 1-4cm под десниот ребрен лак, мазен и со еластична конзистенција. Дигестивните тегоби од претходниот стадиум го губат својот интензитет и здравствената состојба на болните се подобрува. Жолтицата се одржува до 40 дена, ретко до 6 месеци или до 2 години.

  • Рековалесценција

Кај ова заболување рековалесценцијата трае 2-3 месеци. Во него симптомите се минимално изразени и најчесто болните се чувствуваат добро: се губи иктерусот од кожата и слузниците, се подобрува апетитот, диурезата се нормализира, мочката станува светла, столицата обоена, хепатомегалијата, финкционалните и биохемиските тестови се во регресија, иако уште извесно време покажуваат дискинетична функција на хепарот.

Клинички облици[уреди]

Има повеќе клинички облици кои се делат на: акутни, субакутни и хронични:

  • Акутните, во зависност од интензитетот на иктерусот, можат да бидат аниктерични, интерични и холестазни, а спрема тежината на болеста: лесни, тешки и фулминантни.
  • Хроничните се манифестираат како перзистентни и активни и се својствени а овој вид хепатит. Во популацијата се јавуваат и здрави носители на вирусот на хепатитис тип Б.
  • Вирусоносителство, по прележувањето на вирусните хепатитиси тип Б, вирусот го напушта организмот за време од 3-6 месеци, од почетокот на болеста. Се смета дека тој временски период може да биде и продолжен до 9-12 месеци. Задржувањето на вирусот во организмот после тој период се смета за вирусоносителство и во организмот може да се задржи , без појава на клинички симптоми. Постојат и такви вирусоносители кои се здрави, кои не боледувале од хепатитис Б односно немале симптоми.
  • Перинатална трансмисија од инфицирани мајки врз нивните новороденчиња. 35% од децата инфицирани со хепатитис Б се на возраст од 0-4 години, развиваат хепатитис, а 25% од децата со хроничен хепатитис умираат прерано од тежок хепатит, цироза или рак на црниот дроб. Поради сето ова се јавија потребата од вакцина против хепатит Б вирусот. Тоа денес успешно се остварува со Engerix-B. Тоа е рекомбинантна вакцина против хепатит Б, добиена по пат на генетски инженеринг. Таа содржи високо прочистен HbsAg од површинскиот Ag на вирусот на Б хепатит.(за деца Engerix-B дозата е 0,5ml-содржи 10mg прочистен HbsAg, а за возрасни дозата на Enegrix-B е 1ml-соджи 20mg прочистен HbsAg). Вакцинацијата се извршува во три дози. Првата доза се дава веднаш по раѓањето I.m. Втората доза се дава после 1 месец од првата доза, а третата по 5 месеци т.е. на 6 месечна возраст. Според податоците оваа вакцина досега не дала никакви непожелни реакции и компликации. Оваа вакцина во Прилеп е започната да се користи од 2004 година.

Дијагноза[уреди]

Дијагнозата се поставува врз основа на клиничката слика, епидемиололошките податоци и лабораторските испитувања.Лабораторските резултати покажуваат различни патолошки вредности кои се класифицираат во неколку синдроми:

  • синдром на билијарна ретенција, со зголемени вредности за уробилин, уробилиноген и билирубин во крвта.
  • синдром на цитолиза, со зголемени вредности на AST, ALT, алкална фосфатаза, LDH, алдолаза и други кои се одраз на некроза на хепатоцитите.
  • синдром на хепатална инсуфициенција со намалени вредности на албумини, фактори на коагулација, имуноглобулинска дисоцијација, фибриноген.

Терапија[уреди]

Лекувањето се состои од пет фази:

  • симптоматска терпија-во првите 10 дена, се ординираат раствори од 5 и 10% глукоза и витамини од групите Б и Ц, а истовремено по перорален пат во траење од 20-30 дена се примаат есенцијални аминокиселини и витамини од групата Б кои ја забрзуваат регенерацијата на хепатоцитите.
  • хигиенодиететски режим-се подразбира изолација, мирување и правилна исхрана.
  • изолација-во зависност од клиничката слика можат да се лекуваат во домашни услови или во инфективни одделенија, во изолациони оддели за вирусни хепатитиси.
  • мирување-болните треба да мируваат за цело време во акутната фаза на болеста, односно првите четири седмици. Тоа е период во кој што завршува некрозата на хепатоцитите во исто време се одвива регенерацијата. Со мирувањето се зголемува циркулацијата на крв во хепарот до 30%, потрошувачката на гликоген се намалува и се насочува кон анаболичките регенеративни процеси во хепарот. Во фазата на рековалесценција болните можат да се движат, но не смеат да се заморуваат. Отсуството од работа кај акутните вирусни хепатитиси трае, се додека не се нормализира трансаминазната активност и изнесува 30- 60 дена.
  • исхрана-во предиктеричниот стадиум, кај болните се јавува анорексија(намален апетит). Треба да дава лесно сварлива храна со јаглехидрати: сокови, мед, млеко, кисело млеко, јогурт, младо сирење, пилешко месо, свежа риба, тестенини, леб, ориз, гриз. А забрането е да се конзумира: сувомеснти производи, свинско месо, мрсни чорби, колбаси, кајмак, ореви, бадеми и друга високо калорична храна и аклохол.

Референции[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Поврзано[уреди]