Хепатит Ц

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Em flavavirus-HCV samp1c.jpg

Хепатит Ц е болест која е една од врстите на жолтица (хепатит). Таа е предизвикана од хепатит Ц-вирусот. Просечно околу 1 на секои 100 луѓе има хепатит Ц. Некои луѓе не знаат дека го имаат. Луѓето можат да имаат хепатит Ц и да не знаат, бидејќи може да поминат многу години додека се појават симптомите. Најчести симптоми се замор, лошење, и болки во стомакот.

Половина од луѓето со хепатит Ц немаат оштетување на црниот дроб. Но, околу 20% може да имаат сериозна штета (цироза) после 40 годишна возраст и од нив има и луѓе кои добиваат рак на џигерот.

Пренесување[уреди]

Хепатит Ц може да се пренесе кога крвта од една личност со хепатит Ц, влезе во крвотокот од друга личност. Дури и многу мали количини од крв, тешко видливи, можат да го пренесат вирусот. Може да се добие хепатит Ц со:

  • Нестерилни медицински и заболекарски процедури каде кожата е прободена
  • Употребување на туѓи шприцеви за дрога, вклучувајќи стероиди
  • Нестерилно тетовирање или бодење на телото
  • Пренесување од мајка на дете може да се случи за време на бременоста или породувањето, ако мајката има хепатит Ц.
  • Употреба на туѓи лични предмети, како жилети и четки за заби, на кои можеби има крв
  • Контакти на крв со крв во тек на сексуални односи.

Дијагноза и лечење[уреди]

Единствениот начин за да се дијагнозира хепатит Ц е да се направи проверка на крвта. Потоа постои медицинско лекување, наречено Комбинирана терапија, која може да ја излечи инфекцијата од хепатит Ц кај 60% од случаевите. Некои луѓе со хепатит Ц употребуваат традиционални лекарства да ги ублажат симптомите.

Извор[уреди]