Француско Конго

Од Википедија — слободната енциклопедија
Француско Конго
Congo français
Колонија

1882–1910


Знаме

Местоположба на Француско Конго
Главен град Brazzaville
Јазици француски
Вероисповед христијанство, ислам, традиционални религии
Државно уредување Колонија
Историја
 -  Основана 1882[1]
 -  Среден Конго 1903
 -  Повторно воспоставување на Француска Екваторска Африка 1910
Валута француски франк
Денес во  Република Конго
 ЦАР
 Габон

Француско Конго (француски: Congo français) — француска колонијална територија во федерацијата на Француска Екваторска Африка во периодот од 1882 до 1910 година. Земјата се наоѓала на територијата на Република Конго, Габон и Централноафриканската Република.

Историја[уреди | уреди извор]

Француско Конго бил основан во Бразавил на 10 септември 1880 година како протекторат народот Батеке по должината на северниот брег на реката Конго[1], додека формално како Француско Конго бил основан на 30 ноември 1882 година[1], потврдена со Берлинската конференција од 1884-1885. Нејзините граници со Кабинда, Британски Камерун и Слободна Држава Конго биле основани со договори во текот на следната деценија. Планот за развивање на колонијата бил преку давање на големи отстапки на околу триесет француски компании, кои ветувале брз развој. Овој развој бил ограничен и главно се работело на екстракција на слонова коска, гума и дрво. Овие операции честопати вклучувале голема бруталност и ропство на месното население.

Дури и со овие мерки повеќето од компаниите изгубиле голем број од своите пари. Голем дел од фармите на компаниите постоеле само на хартија со речиси никакво присуство на теренот во Африка.

Францускиот Конго понекогаш бил познат како Габон-Конго[2]. Формално кон земјата се приклучил Габон во 1891 година, и во тој период земјата била позната како Среден Конго.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Histoire militaire des colonies, pays de protectorat et pays sous mandat. 7. "Histoire militaire de l'Afrique Équatoriale française". 1931. Accessed 9 October 2011. (француски)
  2. Payeur-Didelot. "Gabon. - Colonie française du Gabon-Congo, 1/3,700,000". 1894. (француски)