Фосфороскоп

Од Википедија — слободната енциклопедија
Фосфороскопot на Бекерел (1873-1874).

Фосфороскопот ― дел од опитната опрема направена во 1857 година од физичарот А.Е. Бекерел[1] со цел да се измери времето потребно за фосфоросцентен материјал да престане да сјае откако бил ексцитиран.

Се состои од два вртежни диска со шуплини. Овие шуплини се распоредени на секој диск во еднакви аголни интервали и на постојано растојание од средиштето, но шуплините на едниот диск не се усогласуваат со оние на другиот. Примерок од фосфоресцентен материјал е поставен помеѓу двата диска. Светлината што влегува низ една од шуплините го ексицитира фосфоресцентниот материјал кој потоа емитира светлина за кратко време. Дисковите потоа се вртат и со промена на нивната брзина може да се одреди должината на времето на светење на материјалот.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Natural Philosophy Collection. Bequerel's [sic] Phosphoroscope“. University of Aberdeen. Посетено на 5 декември 2023.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]