Формозански облачен леопард
Од Википедија, слободната енциклопедија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Формозански облачен леопард | |
|---|---|
| Заштитен статус | |
| Научна класификација | |
| Царство: | Животни |
| Тип: | Хордати |
| Класа: | Цицачи |
| Ред: | Carnivora |
| Фамилија: | Felidae |
| Род: | Neofelis |
| Вид: | N. nebulosa |
| Подвид: | N. n. brachyura |
| Триномен назив | |
| Neofelis nebulosa brachyura (Swinhoe, 1862) |
|
Формозанскиот облачен леопард (Neofelis nebulosa brachyura) е подвид на облачниот леопард. Ова животно е ендемично за островот Тајван и денес се верува дека е изумрен вид. Неговата опашка е пократка од опашката на останатите подвидови на облачниот леопард.
Формозанскиот облачен леопард е второ најголемо животно на Тајван, после формозанската црна мечка. Откако голем дел од неговото природно живеалиште било уништено, ова животно било принудено да се повлече на планините Јушан и Даву. Формозанскиот облачен леопард последен пат бил забалежан во 1980тите.
Луѓето од народот Рукаи, тајванските абориџини, веруваат дека нивните предци настанале од овие мачки.
